Таг: соблекувална

Играчите пеат, Марадона пак мрдаше колкови во соблекувална

Од почетокот на септември Марадона работи во татковината. Тренер е на Химнасиа Ла Плата. Тој ја користи секоја прилика да покаже колку е спремен за дружба и забава, па така и во Аргентина танцува во соблекувална. На екипата не и оди баш најсјајно (со Диего имаат 5 порази на 8 меча), но во неделата славеа 3:0 против Алдосиви.

Соблекувалната на Барселона во Прага полна ѓубриште

Фудбалерите на шпанскиот шампион некако ја пребродија Прага каде со 1-2 потешко од очекувањата ја совладаа Славија. А после мечот соблекувалната ја оставиле руинирана со лушпи од банани, фрлени цели банани, пластични шишиња и чаши, бадеми, семки, чоколадни шејкови.

Тотенхем поубава соблекувална за финале ќе најдеше во Велешта

Ливерпул и Тотенхем, заедно со УЕФА полека се спремаат за епското финале на Лига на шампиони, на 1. јуни во Мадрид. Според најавите, Ливерпул ја добил домашната соблекувална на Атлетико Мадрид, а Тотенхем гостинската која е далеку понеопремена.

Мурињо раскажа кога се криел во корпата за алишта зошто бил суспендиран

Челси против Баерн Минхен во Лига на шампиони. Мурињо суспендиран и нема како да влезе до соблекувална кај играчите пред важниот натпревар. Кабинерот го става во метална корпа за алишта.

Грците ја направиле гостинската соблекувална гомна и лајна

Секоја чест за кам бекот на Грција која по негатива од 2:0 по 15 минути игра, се врати во вториот дел и стигна до израмнување против БиХ во квалификациите за ЕП 2020. Него што е со третото полувреме во соблекувална? Штала ја направиле.

Златан Ибрахимовиќ во соблекувална им го пушта Халид Бешлиќ

Новата сезона во американската фудбалска лига МЛС започнува на 2. март. Тимот на Ибрахимовиќ Лос Анџелес Галакси започнал со подготовки а Златан ги загрева со нешто балканско.

Татко му направил на син му соба како соблекувална од омилениот тим

Во Англија има место каде се случуваат чуда: Прентон (приградска населба на Беркенхед, на половина час возење до Ливерпул). Локалната гордост е клубот Транмере Роверс кој игра во четвртата лига.

Французите му пееле на Путин во соблекувална

Светски шампион се - им се може. Група француски фудбалери после финалето во соблекувална качени на маса, предводени од Погба му скандираат на рускиот претседател: „Путин, еј хеј хеј“. Колинда Грабар-Китаровиќ им честита на француски јазик.

Малиот буцко што прави шоу во Наполи

Се вика Умберто и е хит на социјалните мрежи во Италија. Последно од него е пораката до идолот Инсиње на кој му порачува дека ако го освојат скудетото, ќе држи диета. Ти се колнам му вика, а го игра и популарниот танц од Папу Гомез.

Аргентина го прослави пласманот со Митар Мириќ

Најдобрите фудбалери на Аргентина на крајот со тешки маки се пласираа на Светско. Им падна камен од срце па решија да викнат една добро позната песна од овие простори.

Манчестер Сити направи најмодерен Тунел Клуб за навивачите

Бидејќи не било реновирано од 2011-та, пази цели 6 години, богатите газди на Манчестер Сити направија неколку зафати на Етихад и го направија тип топ по најмодерни стандарди. Тој што има пари да плати ќе ужива во овие благодети. Јадеш, пиеш и уживаш со Премиер лигата.

Филмската приказна за дедо Агустин и срушениот гол во Лигата на шампионите

Тоа што му се случи на Реал Мадрид пред полуфиналето на ЛШ во 1998-ма против Дортмунд кога се сруши едниот од головите и сè што се случувало во меѓувреме во позадина е сценарио за врвен филм со главниот јунак Ерерин, најсaканиот човек на Бернабеу.

Клоп, ти одиш десно

Фудбалската судбина вечерва ќе го врати миленикот на навивачите и управата на Дортмунд меѓу своите. Јирген Клоп со Ливерпул гостува во Дортмунд, па со цел да не ја утне соблекувалната, домаќините во шега му оставиле табла. На прашањето дали ќе слави евентуален гол изјави: „Секако дека ќе славам. Сигурно нема да пијам апче против прослава на гол“.

Во соблекувалната на Раднички Ниш

Снимка од стадион каде се натпреварува клуб од првата српска лига која е добро позната за повеќето од нашите фудбалери кои веројатно одат дома да се бањаат. Проблемот е што не капе, туку тече, а надлежните се спремиле со четири кофи. 

Соблекувалната на Мидтјиланд после победата

Додека многумина гужваа и кинеа тикети, а богами и нерви, фудбалерите на Мидтјиланд особено оние од Африка знаеја како да го прослават историскиот триумф. Данската екипа синоќа играше првпат после месец декември.

Фудбалерите на Колумбија ќе живеат 100 години

Во морето фудбалски натпревари денес, квалификацискиот меч за СП 2018 меѓу Колумбија и Аргентина предизвикува најголемо внимание. Домашните играчи се максимално спремни, а еве и зошто.

Кога Берлускони наредува напад

Со прилично лоша трансфер политика, Милан во оган фрли неколку поранешни легенди како Кларенс Сидорф, Мауро Тасоти, Филипо Инзаги. Токму Пипо последен на своја кожа почувствува колку не е лесно да се работи со Силвио Берлускони, кој пред сите фудбалери го тераше да урла аttaccare или во напад!

Руски фотељи за Тотенхем

Екипата на Анжи поради конфликтот во Република Дагестан не може да ги игра натпреварите во својата земја, па затоа патува речиси 2000 километри и ги пречекува гостинските екипи на стадионот „Сатурн“. Но таму очигледно како да се работи за друга планета, па наместо во стандардна соблекувална, фудбалерите на Тотенхем вчера ги сместија во малку поинаков амбиент.