таг: сатира

„Пичкица“: прв роман посветен на ерата на Трамп

Не дека и претходно немаше романи кои од далеку најавуваа можност некој како актуелниот 45-ти претседател на САД да го преземе кормилото на земјата. Но новата книга на Хауард Џејкобсон е опишана како „брутална сатира која ги повикува сите писатели на активен отпор“ кон човекот кој сега има име, презиме и еден фин епитет, кој е просто греота да се троши за опис на ликови како него. Повеќе

Авторите на Саут Парк: „Сатирата стана реалност“

Мат Паркер и Треј Стоун велат дека новата американска администрација ќе биде тешка за заебавање. Причина - тие веќе се доволно комични. А сепак и толку реални. Повеќе

Смешно или опасно?: божикна сатира во научните списанија
Хо-хо-хо

Она што е први април за нормалниот свет, тоа е (католички) Божик за академските списанија - според традицијата голем број од нив на овој датум објавуваат статии кои не се сосема ненаучни, но на теми и методологии кои вообичаено не би биле прифатени како сериозни. Дали е ова толку наивно колку што изгледа на прв поглед? Повеќе

Дали ја убивме уметноста на сатирата?

Два збора кои се прогласени за зборови на годината укажуваат не само на тоа како живеевме последниве (скоро) 365 дена, туку и што нè очекува во иднина. Едниот е „пост-вистина“, а вториот „снегулка“. Комбинирани, тие отсликуваат атмосфера која не е баш благопријатна за критика и аргументирање со факти, a сатирата се сведува на лажни вести-јадици за кликови на интернет. Повеќе

Отворено писмо на Џон Клиз до САД

До граѓаните на Соединетите Американски Држави,
Во врска на вашиот неуспех да изберете компетентен претседател на САД и сами да се управувате, со ова ви се дава на знаење дека вашата независност е поништена, а одлуката е ефективна од денес. Повеќе

Малком Гладвел за парадоксот на сатирата
Не е добро ако е многу смешно

Дали исмевањето на политичарите навистина може да смени нечие мислење? Или сето тоа се само цепки, после кои олеснети од тензијата, полесно ги голтаме сериозните последици од она на што сме биле предупредени? Повеќе

Eгипетскиот сатиричар од 19 век кој поттикнал револуција
Ферал од Каиро

Денешните политички сатиричари често се однесуваат како овој жанр да почнува од нив, преставувајќи се како интелектуална авангарда. Она што тие го заборавиле, или пак воопшто не го знаат заради цензурираната историја, е дека храбри и луцидни луѓе кои се обидувале да го променат јавното мислење преку хумор имало и пред нив.  Повеќе

Доналд Трамп и периката на злото
Нова книга за..хм..деца

Режисерот и уметник од Лондон, Гај Ларсен, во сликовница која и не е баш за деца, тврди дека виновник за проблемите со трамповата зла личност и исто такво дело лежи во неговиот заштитен знак - мистериозната коса. Повеќе

Кромидот не е заебанција

Приказната за тоа како лажните вести направија вистински пари, односно како хумористичниот The Onion стана сериозна медиумска империја. Повеќе