Таг: ретроспектива

Топ 10 моменти за 2016-та по наш избор

Направивме една листа од сè она што од прва низ помина во глава, а беше актуелно за следење, гледање, пишување во текот на годинава. Можеби сме испуштиле нешто важно, луѓе сме, ама на толку збиднувања и куцање на тастатура последниве 365 дена веројатно изборов ќе добие солидна оценка.

Фудбалски флешбек од 2016-та

Тешко е човек да сумира во едно видео од сè она што се случуваше во фудбалот во изминативе 365 дена. Имаше дриблинзи, финти, голчишта, успеси, плачки, изненадувања, навивачки песни, колку сакаш. 2016-та е година на Португалија која не беше фаворит, но го крена пехарот на ЕП 2016. За жал таа ќе се памети и по една голема трагедија која збриша скоро цел тим.