Таг: птици

Птици наспроти луѓе - 1:0

Холандска студија идентификувала неколку примери на неверојатна способност на птици да се адаптираат на урбаната околина. Каква вештачка, ние ќе настрадаме од туѓата, поупорна природна интелигенција!

Научниците прават дронови од препарирани птици

Иако на прва звучни необично, препарираните тела на птиците се користат за набљудување на живиот свет на помалку инвазивен начин. Јасно е додуша дека и на војската и на разузнавачите им одговараат дронови кои не личат на машини, но засега е рано да се размислува за можните (зло)употреби. 

60 години од „Птици“ на Хичкок: како авторката на расказот врз основа на кој е снимен ја предвидела еколошката криза

Антологискиот филм на Хичкок, „Птици“ е снимен врз основа на краток расказ на Дафне ди Морије од 1952. Во него промена во однесувањето на птиците се поврзува со влијанието на технолошкиот развој по Втората светска војна.

„Брдсонг проџект“: 220 познати музичари, актери и писатели оддаваат почит на птиците

Птиците се оригиналните музичари. Ова е појдовната точка на „Проект птичја песна“ на Здружението Одибон, американска непрофитна организација посветена на конзервација на птиците и нивните живеалишта, формирана во 1905.  Во него веќе се вклучени познати музичари, писатели и уметници, а планот е нивниот број да достигне 220.

Пеп Гвардиола се восхитува на летот на гуски во јато и прави таква формација

Во свежиот документарец на Манчестер Сити „Заедно“ (Together) премиерно прикажан на клупскиот Јутјуб канал кој раскажува за последните неверојатни недели од минатата сезона, има и едно необично откритие.

Птичарот од Алкатраз

Бил еден од најозлогласените криминалци во САД на почетокот на 20 век. Но титулата „најпознат затвореник на Алкатраз“ не ја заслужил толку со своето криминално минато, туку со едно необично хоби за затворски услови.

Како се губи еден јазик?

Станува збор за црцор на птици. Но тоа за нив е еден цел јазик, па оттаму секоја паралела со човечки јазици кои изумираат затоа што на нив едноставно не се (или сè помалку се) зборува, не се ни малку случајни.

Фудбалска орнитологија - дресови на голмани со видови птици

Во џунглата на Твитер еден професор по орнитологија на Њујоршкиот универзитет, Ден Балдасаре објави нишка во која ги споредуваше голманските дресови од '90-те години со интересни птици.

Нов албум кој го претвора звукот на загрозени птици во електронска музика

Меѓународен колектив на ди-џеи и композитори на електронска музика прави мешавина на денс ритми, звуци од шумата и џунглата и песна на птици. Приходот од продажбата оди за спасување на најзагрозените видови.

Врската помеѓу „Озарк“ и сколовранците

Понекогаш во серии кои се за дрога, убиства и прељуба ќе се најде некој ситен, навидум страничен детал, кој овозможува симболичко толкување на целата содржина. Во случајов инвазивен вид птици, за чие постоење во САД е виновен - Шекспир.

Ослободениот роб од кого Дарвин учел да препарира животни

Џон Едмонстон се родил како роб, а умрел како слободен човек. Некаде во текот на животот го подучувал Чарлс Дарвин на сè што знаел за препарирањето птици. А знаел многу.

Инсектите умираат, гнидите никад бољи

Една сериозна повеќе децениска студија открива фрапантно и потенцијално катастрофално изумирање на инсектите. Се разбира, ако не се смени работата, наскоро ќе пишуваме исто за птиците. Само гнидите меѓу луѓето се сигурни на оваа планета.

Маргарет Атвуд објави стрип за деца

Опишана како една од најзначајните современи писателки, Атвуд, набргу откако го прими Златниот венец во Струга, има уште една причина за частење. Вчера, 6.9., од печат излезе нејзина нова книга - стрип чијшто главен лик е мачкоптица.

Хранењето птици е нефер

Хранењето птици во урбанизирани услови се сметаше за кул навика со која човек го помага одржувањето на еко системот во своето место на живеење. Е, па, грешка.

Пип - шоу на норвешки начин

Норвешката телевизиска мрежа која се специјализира за разни форми на тн "бавна телевизија" има нов, урнебесно досаден концепт. Воаерисување на животот на една пердувеста банда.

Пиле на мајка

Без разлика колку родителот е уверен дека неговото дете е генијално, до 7 годишна возраст тоа има логика отприлика колку птиците.

Данке Птичланд

Само благодарејќи на птиците, инсектите денес се нешто што можеш да затепаш со весник. Да не беа тие, гадовите ќе ни летаа околу глава со крилја од 60-70 сантиметри.