Таг: психологија

Мозоците ни бараат линеарна приказна

Драматурзите, сценаристите, писателите, режисерите, сите тие може да си играат со оските на времето за да создадат „интересно“, односно драмски ефект. Но колку и да е временски испретумбана приказната, ние вложуваме напор да ја подредуваме, за да ја разбереме и за да можеме да ги предвидиме следните настани. 

Што не кажувате вакви работи?: зошто НЕ треба (секогаш) да се живее во моментот

За еден куп совети за исполнет ментален и физички живот, кои на прво слушање звучат некако логично, постои и контра совет кој, парадоксално, може исто така да држи вода. Мастите не чинат - сланината е супер. Кардио вежбите го продолжуваат животот - никако кардио! Е сега, после години обид за тренирање зен став на „живеј во сегашноста“, не морало така.

Oна чувство дека зборот ти е на врв јазик? Епа не е.

Понекогаш точно знаеш дека има збор за нешто, но мозокот не може да го најде. Ова фрустрирачко чувство се нарекува „на-врв-на-јазик“ (НВНЈ) или на англиски tip-of-the-tounge (TOT). Со децении психолозите претпоставуваа дека станува збор за делумно присеќавање на одговорот. Ново истражување вели - не баш.

„Не се дури“ - што кажуваме кога ништо не кажуваме?

Ако не сте го чуле зборот „дурење“ до сега вие сте среќни луѓе - веројатно ретко се муртите, не сте инаетливо лути, односно не се дружите со таквите. Но дурењето според психолозите треба да се земе сериозно, како пример на „интензивна комуникација без јасна порака“. 

Зошто храната од туѓа чинија е повкусна?

Не знаеме за вас, ама ние секогаш сме во искушение да посегнеме барем по залак од јадењето на оној кој јаде со нас, без оглед дали е исто или различно од нашето. Ама не дека сме стрвни - науката вели дека „има нешто“ во овој порив.

За подолго да памтиш, почни да забораваш

Звучи парадоксално, но сите оние фрустрирачки моменти кога се мачиме да се сетиме на нечие име или на некој податок всушност можат да бидат добри за нашата моќ да запомниме.

Инфлацијата не е само економски феномен

Намалувањето на вредноста на одредена валута е метод на поттикнување револуционерна промена. Вака зборувал Ленин, и иако денес не е баш модерно да се цитираат мислители од нашето марксистичко минато, па уште и Руси, она што тој го тврдел - дека инфлацијата има големо општествено а не само економско влијание - денес е појасно отколку кога и да е на глобално ниво.

Барнум-Форер: психологија на измамата

„Имате голема потреба луѓето околу вас да ве ценат и да ви се восхитуваат“. „Некои од вашите амбиции можат да бидат прилично нереалистични“. Повеќето од нас би се согласиле со вакви или слични изјави кога некој би ни кажал дека се однесуваат специфично на нас. Всушност, ова се прилично неодредени описи со кои би можел да се идентификува речиси секој. На оваа карта играат астролозите, читачите на „аури“, но и некои видови тестови на личноста.

Не сме биле (само) ние виновни што забораваме важни нешта

Сте запишале во тефтерче, сте врзале конче за прст, сте се заколнале дека ќе запамтите. Па сепак, нештото едноставно ви се слизнало од ум - сте заборавиле нечиј роденден, да пренесете информација, просто да свртите телефон. Ново истражување ви го наоѓа оправдувањето коешто ви е потребно.

Некако сум несигурен, а можеби и не: неодлучните не носат полоши одлуки

Најнова студија за разликата помеѓу оние кои не се мислат многу пред да „пресечат“, и оние кои тоа го прават со влечкање открила дека поголемата самодоверба не значи и исправна одлука. Не е брзината и квалитетот на одлуката она што ги кочи вторите, туку нешто друго.

Уметноста на активното слушање

Слушањето го третираме како автоматски процес за којшто и нема што посебно да се мудрува, како да спаѓа во истата категорија како варењето на храната или трепкањето. Но ако малку му посветиме внимание, тоа може да ни отвори перспективи кои можат да се добијат само ако навистина се обврне внимание на она што го зборуваат другите.

Наука на автентичноста - што значи вистински да се откриеш себеси?

Откако ќе тргне по белиот зајак во дупка под земја и неколку пати ќе смени големина, Алиса се фаќа себеси како се прашува: „Која сум јас на светов?“ Оваа сцена од книгата на Луис Керол може да ви се види позната бидејќи: во свет што постојано се менува, предизвик е да го најдеш своето автентично јас.

Научивме што е „тригер“ - но, што е „глимер“?

„Тригер“ си влезе во редовна употреба во културниот лексикон, но малкумина имаат слушнато за спротивната варијанта: глимер.

Предноста на тоа да си „на два ума“

Еден од оние моменти на амбивалентност, кои настапуваат особено кога треба да се донесат големи животни одлуки или да се одбере страна. Ако нашата когнитивна и емотивна вага не превагнува јасно на една или на друга страна, тоа чувство ни создава стрес. Но дали ова е секогаш лошо?

Зошто е Канје таков?

Или, со други зборови: Што е биполарно нарушување?

Kако еден тапетар влијаел врз развојот на психолошка теорија

Во психологијата, а особено во онаа популарната, има повеќе обиди да се класифицираат типовите личности, врз основа на некои нивни заеднички карактеристики. Во 1950-тите двајца кардиолози се обиделе да го сторат тоа за да покажат дека табиетот има врска со срцевите заболувања. Во тоа им помогнал еден тапетар.

Како изгледа емотивна истоштеност?

Емотивната истоштеност отпрвин суптилно се прикрадува. Може да е малку тешко да станеш од кревет. Па, почнуваат да те уморуваат едноставни задачи, за на крај списокот со нив да ти изгледа неверојатно тежок.

Што е тоа „ефект на Зајгарник“?

Најчесто се спомнува во контекст на ментално здравје и обидите да не се одложуваат обврските. Иако звучи неповрзано, овој ефект се користи и во телевизискиот бизнис, создавајќи ни чувство на „недовршеност“ ако не ја изгледаме серијата или програмата до крај, прекинувајќи ја со доволно возбудливи „клифхенгери“.

Oдмазда е слатка, ама само додека се планира

Да не се лажеме - сите некогаш сме помислиле на мала одмазда за навреда или неправда која ни била нанесена. Велат одмаздата е „слатка“, а во тоа се согласува и невронауката. Ама има и фуснота.

Што е тоа „ефект на неодамнешноста“?

Станува збор за конгитивна предрасуда според која идеите и аргументите кои се случиле последни се подобро запомнети отколку оние кои се случиле први во низата настани. Самото тоа што се „посвежи“ прави повеќе да им веруваме, и да се раководиме според нив дури и кога тоа не е рационална одлука.

Тивкото задоволство на држењето лутина

Благата лутина е нискокалорична верзија на гневот, разводнет презир, кој сепак нуди можност за преоценка на нашиот однос кон субјектите на нашето срдење.

Носењето маски нè прави попривлечни

Во текот на пандемијава нема многу добри и охрабрувачки вести, ама ова може да биде една од нив. После неа ќе посакате маска да си носите и кога за тоа веќе нема да има потреба. 

Наука на радоста

Идат празници, пробајте да соберете радост „во тегла“.

10 знаци на мастер-манипулатор

Нели некои луѓе секогаш успеваат да истераат по нивно? Дури и кога ќе забележиме дека излегува така, знаеме да паднеме во стапица и да се чудиме зошто.