Таг: пожар

Разлики во комунизмот

Штекер од комунистичкиот Советски сојуз, наспроти штекер од денешна комунистичка Кина, и многу пожари ќе ви бидат многу појасни.

Пожар од батерија не е само обичен пожар

Без разлика дали е батерија од мобилен телефон, електричен тротинет или електричен скутер, секогаш палењето на батериите, заради каков и да е проблем, е далеку понеочекувано и понасилно отколку што сме навикнати да гледаме, пример кај резервоар на кола, на чија безбедност и засилување се работи повеќе од 100 години. Плус, ако има повеќе келии, главно секоја посебно се пали, без разлика колку си ја гасел претходната.

Ламборџинија, Поршиња и Аудија горат сред Атлантски океан

Во близина на азорскиот брег се случува непланиран викиншки погреб за илјадници возила, меѓу кои и луксузни примероци од горенаведените брендови, откако избувна пожар во товарен брод што вози за Фолксваген.

Гладни кози библиотека од пожар спасуваат

Ова не е наслов на некаква модерна басна, туку вистински случај, од Калифорнија.

Најголемиот пожар во историјата на Калифорнија започнат заради осило

На 27 јули минатата година земјоделец на нива претрупана со исушена трева со чекан забива железен колец во земја во обид да затвори влез на едно осило, притоа прави искра која прераснува во пожар што опфаќа површина од 166000 хектари.

Аматери, подалеку од скарата

Во веројатно најскапата скара на светот, двајца Италијанци ќе треба да платат 13,5 милиони евра за штетата што ја направиле од едно единствено правење скара.

Пожарот во Богородичната црква кој го опиша Виктор Иго во 19 век

Во текот на својата 856 години долга историја, Нотр Дам поминала низ многу нешта. Но еден писател и негов славен роман се најзаслужни што црквата го преживеала 19 век, кога готската архитектура била оставана да скапува.

Што точно изгоре во големиот пожар во Националниот музеј во Бразил?

Иако огромната штета сè уште се проценува, она што со сигурност се знае е дека со пожарот кој изби во неделата навечер во Рио се уништени поголемиот дел од 2 милиони артефакти, и колективна меморија на цела нација. 

Мурињо бранеше на ревијален меч и направи шоу

Во Англија минатиов викенд се одигра хуманитарен меч за помош на жртвите во пожарот на 24-катната Grenfell Tower во Лондон. На 14 јуни во страшен пожар загинаа околу 80 луѓе.

Пожарот во Гренфел кулата е предизвикан од запален фрижидер

Лондонскиот пожар во кој загинуваат 79 лица, а уште толку се повредени, го започнува опожарен фрижидер за длабоко замрзнување, соопшти британската полиција.

По пожарот во Португалија

Снимка од дрон по гасењето на пожарот во кој загинаа над 60 луѓе а 59 беа повредени. Пожарот започна попладнето во саботата и за кратко време, благодарејќи на температурите кои достигнуваа до 40 степени, успеа да се рашири во околни 3 општини.

За пожарот во Лондон и како загинаа 30 луѓе (до сега)

Акала: Луѓето умреа само затоа што се сиромашни.
Новинар: Па нели дадоа 8 милиони фунти за реновирање пред некое време.
Акала: Не, дадоа пари само за да ја разубават зградата за на богаташите од карши да не им биде грд погледот.

Самсунг треба на бајачка да одат

Како да не беше доволен резилот и непроценливите штети што си ги направија со телефонот Галакси Ноут 7, кој се пали или експлодира поради грешки во батеријата. Сега им изгоре и фабриката во која се правеа тие батерии. Како тоа од што им изгоре?

Пожар на трибината сер Боби Чарлтон на Олд Трафорд

Навивачи на Манчестер Јунајтед утрово објавуваа слики со чад од најголемиот стадион во Велика Британија на кој за среќа е интервенирано на време.

За кобниот пожар во Брадфорд виновен бил претседателот

На 11 мај 1985 година во катастрофален пожар за време на дуелот Брадфорд - Линколн загинаа 56 навивачи, а 254 беа повредени. Истрагата утврдила случаен пожар, но сега излегоа нови детали за трагедијата.

Нуклеарките горат од депресија

"Терористот" што запали американска нуклеарна подморница сред Америка е всушност 24-годишен дечко кој бил во депресија што девојка му го оставила и сакал порано да си оди од работа.