Таг: пол

Црквата на Англија размислува за родово-неутрален Бог

Во обид да фати чекор со трендовите, Црквата на Англија ќе мозга како верниците да му се обраќаат на Бога, а тоа да не биде во машки род. Тие одамна знаеле дека Бог не е ни машко ни женско, вели нивниот портпарол. Со нетрпение чекаме што алтернатива ќе смислат за „Оче наш“.

Родот сепак има биолошка основа

Идејата дека родот нема биолошка основа, туку е културолошки наметнат конструкт, во последно време стана скоро мејнстрим. Поборниците на оваа теорија веруваат дека на децата им е наметната идејата дека, на пример, машките треба да си играат со колички, камиончиња и сл., а девојчињата со кукли. И дека доколку би биле оставени самите на себе, машките и женските дечиња би се однесувале родово идентично. Не ќе да е баш така.

Да смениш пол не е исто како да смениш патец

Трансродовите тинејџери понекогаш решаваат да го променат полот. Понекогаш и повеќе од еднаш. Проблемот е во тоа што полот не е фризура па спонтано да се врати во првобитната состојба. Во такви ситуации, да се најде некој зрел во близина и не е така лоша работа.

Ти си ќерко татин син

Ако во Канада роден син или ќерка ти каже дека се чувствува полово обратно а ти кажеш: „Не се глупирај, оди донеси му на тато едно пиво“, ќе останеш не само без пивото туку и без детето.

Дали треба да се укине поделбата на машко-женски награди за глума?

Дали има разлика меѓу „доброто“ во добар актер и добра актерка? Ако не, тогаш чуму сите тие родови поделби на наградите, како талентот и вештината за глумење да зависи од анатомијата и хормоните? Некои од големите наградни манифестации почнуваат да ја преиспитуваат оваа концепција. 

Што пол е Гарфилд?

Пред некое време пишувавме за едно битно филозофско прашање - дали јафа е бисквит или колаче. Еве уште едно такво: дали Гарфилд е машко,  женско, или нешто трето? Да си знае кој пат да го фати на 8ми март.

„Среден пол“ од Џефри Еугенидес

Книгата која ја влечкав со себе на летување и на сите можни патувања од тогаш, со нејзините (скоро) 600 страници oколу празниците веќе ми стежна на совеста. А грижата на совест за непрочитана книга понекогаш е поголема од онаа за непочната диета. Сепак, едното не го исклучува другото - кога ќе ја земете оваа в раце, често ќе заборавате и да јадете.

Maжите знаат што значи „голем“

Полот влијае врз вашиот лексички фонд, како и на начинот на кој го користите јазикот. Со други зборови, ако сте машко веројатноста да знаете што е тоа „офсајд" е поголема од онаа да знаете што е „маскара". Стереотип? Да, ама функционира.