таг: плевел

Како до убава жива ограда

Повеќето луѓе што имаат двор имаат и жива ограда. Таа може да биде доста практична. Може да служи како заштита од несакани погледи или да биде добар филтер за звуци, прејака светлина а најчесто за прашина. Но, понекогаш знае и многу да разочара. Уште повеќе ако комшиите имаат убава ограда но вашата е ретка и болежлива.  Повеќе

Плевели - непријатели или сојузници?

Пролет е. Преку ноќ, некоја невидлива сила задвижи сè во растенијата и во земјата кои изгледаа мртви, и сега ни следат десетина или повеќе недели кога навидум ниедна друга сила нема да го спречи зеленилото кое преплавува. Изразено во бројки, годишната продукција на биомаса (сè зелено и растително) е далеку, далеку повеќе и неспоредливо поголема од вкупното производство на сè што човек ќе произведе: пластика, метал, и др. (читај „ѓубре“). Јас сум фасциниран од ова тивко производство секоја година. Но за многу други тоа е кошмар. Толку многу непожелни растенија во нивниот двор кој педантно си го планирале, саделе и одржувале!.. Повеќе

„Мулч“ или лек за плевел
Само да не биде голо!

Втора најчеста причина поради која ме ангажираат муштериите е плевење. Веднаш да кажам, не го сакам ич. Но, и тоа мора некој да го прави. Уште потешко и од самото плевење ми паѓа кога гледам дека некаде трудот е бесмислен бидејќи не се прават работите до крај. Ако не се покрие голата земја со некој мулч, џабе плевењето. Повеќе