Таг: плагијат

Џони Деп и Џеф Бек украле стихови од затвореник?

Деп и Бек се обвинети за кражба на стихови на некогашен затвореник, кои се појавуваат во песна на нивниот заеднички албум, „18“. Иако можеби станува збор за народна творба, сепак останува етичкото прашање зошто тие се потпишани како единствени автори на стиховите.

Судењето на Вангелис за плагијат

Грчкиот композитор Вангелис почина на 79 години. Оние кои се простуваат од него го нарекуваат „колос на модерната музика“ и „композитор кој промени една цела ера“. Но еден негов колега не мислел така - го обвинил за кражба на мелодија токму за неговата најпозната филмска тема.

Се правдала зошто извршила плагијат, со текст кој содржи плагијат

Онлајн есеј на авторката Џуми Бело во кој таа објаснува зошто во својот роман користела материјал кој бил плагијат е повлечен од познатото списание ЛитХаб, откако некој сфатил дека таа, пишувајќи го, повторно нешто украла. 

Руските научни списанија повлекоа повеќе од 800 статии

Комисијата формирана од Руската академија на науки ги „чешлаше“ научните списанија од различни области поради обвинувања за плагијаторство, авто-плагијаторство и таканаречено „подарено авторство“. Резултатот е „бомба“ во руските научни кругови.

„Обликот на водата“ на дел Торо е плагијат?

Пред неколку дена беа објавени овогодинешните кандидати за Оскар, а на списокот води филмот на Гиљермо дел Торо, со 13 номинации, меѓу кои оние за најдобар филм, режисер и актерка. Но целиот процес го следат контроверзи, околу тоа дали „Обликот на водата“ е плагијат на претходен краток филм, односно на драма на добитник на Пулицер. 

Лана Дел Реј е Црееп

Пејачката ги потврди гласините дека Рејдиохед ја тужат за џапање на нивниот хит од 1993 година, Creep. Таа вика „нема врска“, ама им понудила 40% од приходите на песната. Овие бараат 100%. Со многу право.

Kaко „Слободна Далмација“ објави непостоечко ексклузивно интервју со Боб Дилан

Војо Шиндолиќ, новинар, поет и преведувач на импресивен список дела на американската книжевност, неодамна објавува „ексклузивно“ интервју со неговиот (наводен) долгогодишен пријател Дилан. Ама меѓу неговите колеги има некои и музички и новинарски потковани. Па го фаќаат во лага. 

Дали нобеловиот говор на Дилан е всушност плагијат?

Од 78 реченици во говорот кој беше снимен само аудио, без да биде дозволено објавување официјална транскрипција, десетина се речиси целосно препишани. Ама не од друг Нобеловец туку од сајт на кој има кратки содржини на лектири за учениците да не мора да читаат. Нам ни изгледа дека Боб (пак) малку ги заеба Швеѓаните.

Најпознатиот музички „форензичар“

Дали навистина „Мислејќи на глас“ на Ед Ширан е украдена од Марвин Геј? Колку и песниве да се слични дури и за просечното уво, на суд се бара експертско мислење, од музички Шерлок Холмс.

По трагата на еден академски плагијат

Локален случај на апла копи/пејст текст, или приказната за тоа како обична студентска семинарска стана научна статија во меѓународно списание, на која се потпишани шест автори.

Од кого сè краделе Битлси?

Не дека локално многу ни менува, ама една од главните светски вести денес беше пуштањето на речиси целата дискографија на Битлси на стриминг сервисите како Спотифај, Епл мјузик, Тајдал и др. Како што се актуелизираа Битлси, така се актуелизира и прашањето од кого тие всушност краделе музика, креативно покривајќи ги трагите.

Жижек плагијатор?

Некои го мразат, а некои го обожаваат неговиот вечно размафтан и брзозборен стил со блага говорна маана. Но до сега никој го немаше обвинето за најголемиот грев во интелектуалните кругови - плагијаторство.

Преку плагијатот веќе!

Ролинг Стоун реши на стари години пак да го интервјуира Боб Дилан, а овој како и секој маж на стари години имаше што да каже за тие што му мрчат по најразлични основи.