Таг: перуџа

Што имаат заедничко Неста, Перуџа и 14 мај

Кој би рекол во 2000-та година дека Алесандро Неста еден ден ќе стане тренер на Перуџа, клубот на кој сега има шанса да му се заблагодари за една професионално завршена работа во едно големо невреме за кое секогаш ќе се зборува во Рим.

Отпуштен спикерот што му го промашил презимето на починатиот Астори

Фудбалскиот клуб Перуџа соопшти дека претседателот на клубот го отпуштил Франческо Бирколоти којшто направил неколку големи гафови за време на мечот со Бреша.

Кога синот на Муамер ал Гадафи стана член на Перуџа во Серија А

Точно пред 14 години контроверзниот претседател на Перуџа потпиша договор со синот на тогашниот либиски диктатор. Саади остана две сезони во клубот, смени уште три тима, а денес е во затвор и ризикува смртна казна.

Најтензичното чекање на Скудетото

Ако треба да се избере еден драматичен крај од долгата традиција на италијанскиот фудбал, тоа сигурно е битката за Скудетото кое се водеше на 14 мај 2000-та. Навивачите на Јувентус и Лацио останаа без нерви. Маратонскиот меч во Перуџа го раскажува нивниот стратег Карло Мацоне.

Голот кој долго ќе се раскажува во Серија Б

Синоќешниот меч меѓу Тернана и Перуџа донесе само еден гол кој значеше три бода за гостите. Го постигна Франческо Никастро во 75 минута кој со овој потег си заработи место во најавните шпици за наредни неколку години. 

Еврогол на Пандев за Џенова

Откако веќе долго време е на клупата и ретко кога добива шанса, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев вечерва на куп средбата Џенова - Перуџа постигна гол после подолго време. Струмичанецот зголеми на 2:0 во 37’ минута откако претходно синот на Диего Симеоне го отвори резултатот во 3’ минута.

Необичната фудбалска кариера на Саади Гадафи во Италија

Синот на Муамар Ел Гадафи четири години беше член на италијански прволигашки екипи, два пати влезе како резерва а анегдотите поврзани со него сè уште се прераскажуваат на Апенинскиот Полуостров.

Патот околу светот на Хидетоши Наката

Најпознатиот Јапонец што играл во Европа не знаел ништо за својата земја затоа што животот му се сведувал на хотел-автобус-авион-карантин. Решил да го промени тоа и за шест години ја пропатувал целата татковина. Сега произведвуа саке и се занимава со ќерамика.

Кога Прилеп ги пречека Перуџа и Хидетоши Наката

На 11. јули 1999 година во реваншот од 2. коло на Интертото купот, во Прилеп гостуваше Перуџа предводена од Хидетоши Наката и тренерот Карло Мацоне. Прилепчани во првото коло играа против Озета Дукла од Прага, дома славеа 3-1, таму загубија 3-1 и пројдоа после пеналите 3:4.