Таг: парада

И Русија и Украина ја прославија победата над фашизмот

Сценографијата на двете прослави беше упадливо различна, ама крајната порака беше копи/пејст. Ветувањето и на Путин и на Зеленски е дека победиле тогаш, и дека ќе победат и сега, ко па да може да има некоја вистинска победа.

Рецептот за најдобар тренинг за голман

Паркиран џипот на тренерот позади него, па не смее топка да помине. Нема да се фрла? Ќе скока и ќе праша има ли уште.

Најдобриот гол, автогол и парада за 2017-та

Во изборот на Газета, најлудата одбрана на годината ја направи Марсело Гроз од Гремио во полуфиналето од Копа Либертадорес, автоголот е на Дабо од Витезе кој успеа да си го лобува голманот од 35 метри, а голот на годината го постигна дефанзивецот на Ајакс, Девинсон Санчез.

Парадата на летечкиот Гаел Монфис

Францускиот тенисер со 3-1 во сетови го совлада Кузнецов на Австралија Опен, а мечот го одбележи најдобриот потег на турнирот досега.

Парада на сезоната

Дариуз Трела од полската екипа Пјаст Гливице покажа како треба да се чува голот со сите сили. Откако непотребно го напушти својот гол, ја исправи грешката на најборбен начин и успеа да му извади бод на својот тим против Лехија Гданск.

Битката за Москва, 70 години подоцна

На 7-ми ноември 1941-ва, додека Нацистите се на само 30 километри од Москва, во градот во исто време руската армија одржува парада пред да се упати кон фронтот. Ова се смета за моментот кога Германија ја губи војната во Советскиот сојуз, а со тоа и во остатокот од светот. Годинава беше 71-годишнината од парадата. Русите не заборавија.

Белорусија, секоја чест

Ок, сме гледале северно-корејски паради и сме биле запрепастени, од бројноста, од кореографијата, од прецизноста и од самата идеја дека некој може да направи такво нешто. Тоа е додека не ја изгледавме белорускава парада.