Таг: оскари 2016

Како "Спотлајт" стигна до Оскарот за најдобар филм

Филмот беше награден заради севкупната умешност, вештина и квалитет со кој е направен, одлики кои не му фалеа на ниту еден од останатите номинирани во категоријата. Разликата е што Спотлајт успеа да стане дел од дискусијата околу тековната истрага за сексуалното злоупотребување на деца од страна на католичкото свештенство и како црвката се обидува да го сокрие тоа.

Како го вежбаше Крис Рок монологот за Оскарите

Пред да се случи вчерашниот настап на Оскарите, Крис Рок во изминатите две недели најмалку 10 пати се појавил во стендап клубот Комеди стор во Западен Холивуд, за да го испробува својот материјал.

Нашиот погоди 12 од 14 Оскари

Во саботата со должна почит го објавивме писмото на еден наш близок човек кој крајно самоуверено, уште пред неколку дена, ни имаше пратено список на победници во 14 категории на годинешните Оскари.

Теоријата што објаснува зошто Дикаприо ќе добие Оскар

Истиот човек кој во Ванити Феир пред две години (кога победува Мекконахи) тврдеш дека Дикаприо нема да освои Оскар во скоро време доколку не се трансформира во "помалку кул" глумец, затоа што кул глумците не освојуваат Оскари, денес смета дека Дикаприо повеќе е станат Том Хенкс отколку Бред Пит.

Зошто Дикаприо не треба да добие Оскар за "Повратникот"

Не лошо за Дикаприо, туку е лошо за глумата, а логиката на филмскиот критичар Мат Золер Сајтс е дека "глумењето не е тест на издржливост, иако тоа човек не би можел да го сфати од годинешниве номинации за Оскар за најдобар актер."

Кој ќе победи на Оскарите, според предвидувањата на 538

Не можеш да знаеш колку пари, внимание и алкохол, студијата и продуцентите ќе потрошат на молење на Академијата за глас за нивниот филм, ниту пак како размислуваат 7.000 членови на Академијата. Можеш да разгледуваш статистики и да веруваш дека според досегашното резиме овие статистики најдобро ќе ги разберат од 538, сајтот за статистички предвидувања.

За Оскар без женски и машки категории

Тоа што Холивуд се труди да избега од машкото гледиште на светот, никако не се приметува во годинешната трка за Оскари, каде номинираните се претежно бели и претежно мажи. Повторно.

Не зборете глупости

Како човек што никогаш не драмел околу Оскарите, и како продуцент на Straight Outta Compton, кој не ја доби очекуваната номинација за Најдобар филм, Ајс Кјуб е насекаде во дебатата околу годинешните "бели Оскари" на кои во главните актерски категории нема ниту еден номиниран црнец.

Како на Лудиот Макс му успеа да добие номинација за Оскар

Од летни акциони блокбастери не се очекува да добијат една, а не па десет номинации за Оскар, уште помалку меѓу нив да има и по една за Најдобар филм и за режисер.