Таг: онлајн пиратерија

Извинувањето од пиратите што го објавија торентот за Гневните осуммина

Изминативе две недели групата Hive-CM8 на торент објави неколку висококвалитетни верзии на некои од најголемите нови филмски хитови. Нивната промоција на пиратската сцена започна со Гневните осуммина на Тарантино, кој беше целосно објавен на торент една седмица пред кино премиерата на филмот.

На пиратеријата ѝ се случува крајот што ѝ го предвидуваа

Еден од главните аргументи околу пиратеријата што активно беше игнориран од крстоносците против неа, е дека таа им овозможува на луѓето да гледаат што сакаат, кога сакаат и каде сакаат. Токму ова е носечката филозофија зад сите стриминг сервиси, кои (таму кај што ги има) почнаа да ја потиснуваат пиратеријата.

Порнографијата сама себе се пиратира

Додека кај сите останати форми на забава пиратирањето се сведува на торенти, кај порнографијата главната мака се "тјуб" сајтовите кои нудат невидено количество бесплатно порно. Процената е дека во секоја секунда во просек има по 28.258 корисници кои гледаат бесплатно порно на некој од овие сајтови.

Како Iron Maiden заработи од пиратите

Бендот собрал прецизни податоци за тоа во кои места најмногу е пиратирана нивната музика. Но, не за да се ебаваат по судови и да тужат туку за да знаат каде да закажат концерти. Заработиле милиони.

Најпиратираниот филм за 2012.

По листата на најпиратирани ТВ серии, ТорентФрик ја направи завршната сметка за најпиратираните филмови во 2012-та. На прво место - Project X.

Пирати на троновите

Со просек од 4,2 милиони симнувања по епизода Игра на троновите е најпиратираната телевизиска серија за 2012-та.

Пиратерија и разумни власти

Без никој ни да очекува од нив, Канада го најде веројатно најдоброто и најмирољубивото решение на тема интернет и пиратерија.

Не разумеш ти то друже судија

Од денес Јапонија е "најталибанската" држава во борбата против онлајн пиратеријата, воведувајќи 2-годишни затворски казни за сите што ќе бидат фатени со нелегално симната музика или филмови.