Таг: обновлива енергија

Британците плаќаат стотици милиони фунти за ветерниците да не им работат

Британската Национална електрична мрежа минатата година платила 215 милиони фунти за да се изгасат ветерниците на северот од земјата затоа што произвеле премногу струја која мрежата не може да ја истрпи.

Германска енергетска криза во 4 чина

Во енергетскиот сектор во овие 5 месеци војна се испослучуваа драми кои обично треба да се случат во период од 20 години. Доволно големи и темелни драми да и долгорочни планови на земја како Германија да бидат разнишани и пеплосани како што не биле од Втора светска војна до денес.

Кина го претера со спасувањето на планетава

Со секоја додадена ветерница или соларен панел Кина „фрла“ се повеќе и повеќе зелена енергија бидејќи нејзината електрична мрежа нема капацитет да ја искористи истата.

Обновливата енергија зимава ќе ја премрзне Европа

ЕУ деновиве се најде сред масовен сеир кој од една страна и го фаќаат САД затоа што Унијата избрзала со воведување на зелена енергија и испозатворила сè што има на јаглен, а од друга страна Русија фаќа сеир заради истото само на руски.

Не така зелената страна на зелената енергија

Џиновските перки се веројатно најслабата алка на ветерниците кои генерираат електрична енергија, бидејќи ем се еден од најпотрошните делови на целата инсталација, ем кога ќе им дојде крај на векот нема што да се прави со нив.

Вака изгледа едреник во 2018

Бродскиот превоз и понатаму останува најевтината форма на транспорт во светот, заради што на нејзе отпаѓа и најголемиот дел од транспортот на големи далечини. Она што изминативе деценија и кусур никако не останува евтино е горивото, што е и една од причините за неодоливоста на обновливата енергија (покрај тоа што за нејзе не мора да плаќаат).

На секој 1 долар што Америка го вложува на обновлива енергија, Кина вложува 3

За да ги премости сите можни недоразбирања и препреки во ширење на пораката, Кина одлучи својата решителност околу посветеноста на обновлива енергија да ја покаже со пари.

Кина како никогаш до сега фати да го расчистува загадувањето

По 40 години непрестанат економски развој претежно на погон на јаглен, земјата воведе „зелени политики“ кои се толку радикални и толку опсежни што можат да се почувствуваат низ цел свет. Во центарот на сето ова е како да се направи промената без да му се наштети на производството.

Ветeрот ги спушти цените на струјата во минус

Масовната ветровитост неделава низ Европа го крена производството на електрична енергија од ветерни турбини на рекордно ниво, а тоа секогаш повлекува намалување на цените на струјата.

Холандските возови шибаат 100% на ветар

Директорот на холандските железници се врза за ветерница и се заврте со неа за да прослави што нивните електрични возови почнаа да возат на чиста енергија. Директор во македонски железници веројатно би одбрал да го врзат за шина. Колку овде доцнат возовите, да се изнаживее.

Азиска супермрежа за напојување на светот

Планот на Кина, Русија, Јужна Кореја и Јапонија е електрична мрежа од илјадници километри со капацитет од 1000 киловолти која ќе ги поврзе областите од светот кои се најпогодни за производство на енергија од обновливи извори, со областите од светот кои најмногу трошат електрична енергија.

Португалија истера четири дена само на обновлива енергија

Цели 107 часа Португалија имаше нула емисии на штетни гасови, откако целата побарувачка за електрична енергија во овие 4 и нешто дена ја покри од обновливи извори: ветер, сонце и вода.

Германија во неделата им плаќаше на луѓе да користат струја

На вонредно сончевиот и ветровит ден, 8-ми мај, Германија постигнува нов рекорд во производството обновлива електрична енергија, заради што таа добива негативна цена која подразбира дека на потрошувачите им се плаќаа пари додека трошеа струја.

Франција ќе се поплочува со соларни панели

Од експериментот се очекува да обезбеди енергија за 8% од популацијата на земјата. За ова да го постигне, Франција околу илјада километри ќе ги покријат со соларни панели.

Почетокот на крајот на сметките за струја

Евтината верзија на веста е дека Тесла ги промовирале батериите за домаќинство кои ќе можат да се полнат на сончева енергија и да складираат струја за околу 2 дена нормално користење. Вистинската вест е далеку поспектакуларна.

Европа преплавена со обновлива енергија

Првите луѓе на десетте најголеми услужни компании во Европа (греење, струја...) бараат укинување на субвенциите за соларна енергија, бидејќи веќе има повеќе енергија отколку што им е потребна.