Таг: Норвешка

Норвешка воведе казна за напуштање на домот, и казна за одење во викендица

Последните мерки на норвешките власти (што ги соопштија он-лајн на дигитална прес-конференција), вклучуваат забрана за патување во Шведска и Финска, и 2000 долари казна за секој што ќе ги прекрши правилата за домашен карантин.

Голот кој ја однесе Хрватска во финале на Европско

Во епски меч кој ќе се памети, после две продолженија, Хрватска во драматичен финиш ја сруши Норвешка 29:28 и се пласираше во финалето на Европското првенство. Домагој Дувњак со 8 гола беше играч на мечот, Маринко Мариќ постигна 6, Златко Хорват 4, а јунак на крајот беше пивотот Жељко Муса со златен гол на 5 секунди пред крајот.

Еден од поубавите стадиони во Европа - на брегот на Норвешко море

Норвешкиот град Молде има околу 25.000 жители, а главниот градски стадион во градот „Акер Стадион“ бил изграден за една година и отворен официјално во 1998 година. Изградбата на арената чинела окол 160 милиони шведски круни (денес околу 16,48 милиони долари).

Над 20.000 дечиња ја пееја романската химна на стадион

Во квалификациите за Европско првенство 2020, Романија на домашен терен ја пречека Норвешка и мечот заврши 1:1. Поради суспензијата која што УЕФА им ја врачи, Романците не пуштија карти во слободна продажба, туку по дозвола од УЕФА пуштија 30.000 деца на стадион.

Син му на Солскјер може ќе дебитира против Манчестер Јунајтед

По турнејата во Азија каде Јунајтед играше ревијални пријателски натпревари против Интер (1-0) и Тотенхем (2-1), „црвените ѓаволи“ вечерва играат во Осло пријателска против тамошниот прволигаш Кристијансун.

Како Осло со ново лого заштеди 5 милиони долари годишно

Нормално, прва помисла е: на тие пари, па уште им доаѓа и да штедат, што народ ќе беа. На второ место е: па до толку сè им е средено што на логото стигнаа да шпараат.

Норвешка, не се трпиш!

Локација: Нереј-фјорд (Nærøyfjord)

На фјорд во Норвешка најдено писмо во шише од Нејмар како мал

Апсолутно нереална приказна доаѓа од малиот норвешки град Фауске расположен на брегот на норвешкото море, градче колу кое има фјордови.

Норвешки новинар се напил за да докаже дека капитенот на Тотенхем е млако казнет

„Разликата меѓу мене и тебе е во тоа што ти си трет најдобар голман на светот, а јас обичен човек. Од таа причина јас и не седнувам пијан да возам“.

Норвешкиот автопат од 40 милијарди евра

Автопатот не е позлатен ама е долг 1.000 километри, и не сите илјада се по земја, некои се на 300 метри под вода, други се столбови сред норвешко море, трети се на мост што плута, а ги има и низ планини. Целта е сегашните 21 час потребни да се стигне од еден до друг крај на Е39 автопатот, да се намалат на половина.

Ќе има ли некогаш мир на Скандинавскиот полуостров?

Долгогодишниот спор меѓу Норвешка и Шведска е на пат да ескалира затоа што вториве веќе 10 години одбиваат да ратификуваат еден меѓусебен договор. Како и во секоја квалитетна комшиска врска, ако не се спукаш за меѓа, тогаш ќе се спукаш затоа што стоката на комшијата ти влегла во двор. Епа исто и овие.

Стариот морнар кој ја однесе Данска на Светско првенство

Фудбалскиот пат на Оге Хајреде, селекторот на Данска кој е роден Норвежанец е интересен онолку колку што е интересен и неговиот морелопловски пат по Скандинавија.

Норвешкиот град во кој не смееш да умреш

Во 1950-те властите на Лонгјир носат забрана за умирање во нивниот град. А не дека се луѓето секташи или слично, само таква им е земјата.

Норвешка лига треба да почне, а стадионите како во Лапонија

Во недела би требало да стартува норвешката фудбалска лига ама како им се запнал снегот, ништо чудно да одложат. Еве како изгледа стадионот на екипата Старт од градот Кристијанштад.

Норвешкиот нафтен фонд годинава заработи 130 милијарди долари

Најбогатиот фонд на светот, чија вредност веќе ја надмина границата од 1.000 милијарди долари, објави дека 2017 ја завршил со доход од инвестиции од 130 милијарди долари, кој како што ви изгледа рекордно на вас така е рекорден и за фондот во овие 20 години постоење.

Да не претеравме со победување?

Во Пјонгчанг Норвешка го имаше својот најдобар настап во историјата на Зимските олимписки игри, надминувајќи ги и своите оптимистички очекувања освои 39 медали, од кои 14 беа златни. Земјата со 5 милиони жители на Олимпијадата е пред Германија, Канада и САД по бројот на медали.

Кројачот да ви ги врати парите

Дури и ако не гледате карлинг, овој спорт би можел да ви одземе внимание особено кога играат Норвежаните. Еден детал посебно ќе ви боде очи.

Норвешки проблеми со зимска опрема за возење

Полициска патрола во еден норвешки град сопрела човек на скии поради - лоша техника. Човекот тргнал на скии по пијачки ама најверојатно тоа не му било првпат вечерта да ја минува таа рута.

Норвежаните поради грешен Гугл превод добиле еден тон јајца

Норвешкиот Олимписки тим којшто пристигнал во Пјонгчанг на Зимската Олимпијада не можел да поверува што се случува кога на нивните готвачи поради грешка во преводот им стигнале 15.000 наместо 1.500 јајца. Снабдувачите и готвачите на тимот се изненадиле кога домаќините им истовариле цел шлепер јајца: „Немаше крај на доставата“, вели шефот на Нордискиот тим.

Зошто Норвешка е најдобрата земја за писатели?

Гарантиран откуп на 1000 копии. Месечен приход до пензија, или барем неколкугодишна стипендија. Потенцијална читателска публика која е 100% писмена. Да си норвешки писател, Господ да те види.

Браво момци, ја средивте и Норвешка

И со поддршка и без поддршка од трибините, македонската фудбалска репрезентација игра борбено и мотивирано и е гладна за победи без разлика дали игра пријателски или квалификациски меч. Петти позитивен резултат во низа, историска година со само еден пораз.

И за 100-че нема живо пиле на стадион

Македонскиот менталитет е многу тежок за сфаќање. Цела есен имаше плачки за цените кои ги стави Вардар во ЛЕ (за кои и треба да се има разбирање дека се високи), а сега на Градски има публика како да играат пријателска Младост Кундино и Огражден Иловица.