Таг: независност

100 дена трезност за 100 години независност?

Апелирајќи на традиционализмот и патриотизмот на Полјаците, полската црква побара 100 годишнината од независноста на државата да се прослави со 100-дневно апстинирање од алкохол. Голем дел од прозваните (трезвено) реагираат: тешко тоа.

Шпанскиот обвинител ќе бара 30 години затвор за Пучдемон

Јавниот обвинител на Шпанија обелодени дека неговата служба ќе подигне три обвиненија за распуштената каталонска влада предводена од Пучдемон. Делата за кои ќе се товарат сецесионистите носат затвор до 30 години.

Каталонците отсекогаш биле различни, но како се најдоа во Шпанија?

Што и да направи владата во Мадрид, чувството на одделност кое го имаат голем број Каталонци во однос на Шпанците со кои ја делат државата нема да исчезне. Затоа што тоа не исчезнало и претходно, во годините на долгата шпанска репресија.

Барселона и Реал скоро ќе играат во различни лиги?

За 1. октомври во Каталонија е планиран референдум за отцепување од Шпанија. Што ќе се случува тие денови и како после него ќе живеат Барселона, Еспањол, Жирона и 20 други каталонски клубови - не знае никој.

Баварија не може да се отцепи

Германскиот суд ја затвори процедуралната шанса за отцепување на Баварија од Германија и прогласување своја независност.

Признај бе, пизда ти матер, признај!

Ја знаете онаа дилема, ако дрво падне во шума а никој не го чул тоа, дали дрвото направило звук? Слично на тоа, ако една држава прогласи независност а никој тоа не го признава, дали таа е независна? Текст за признавањето, прашање над кое и ние сè уште по малку стрепиме.

Ако нема каталонски, ќе има шкотски знамиња

Барселона која што во недела во Мадрид ќе игра во финалето на Копа дел Реј против Севиља, ја поздрави одлуката на судот во Мадрид да ја поништи владината одлука со која се забранува истакнување каталонски знамиња, но од Мадрид најавуваат нови мерки.

Дали Путин ќе биде "царот кој ги ослободи Курдите"?

Кога му срушија авион лани во ноември, рускиот претседател им порача на турските лидери дека ќе зажалат за тоа. Притоа не мислеше само на бојкот на нивните патлиџани.

Изборна победа на каталонските сепаратисти

Резултатите од изборите за регионалниот парламент на Каталонија сепаратистите ги толкуваат како јасен мандат да ја отцепат од Шпанија моќната 7,5 милионска област во која се наоѓа и Барцелона.

Донецк го повика Тексас на самит

Непризнатата Донецка Народна Република ги повика своите сојузници од непризнатиот Тексас (САД) на самит на непризнати држави од светот.

Водич низ независноста на Шкотска

Расположението засега е неизвесно но поборниците за независност на Шкотска веќе изготвија водич кој на 670 страници опишува како ќе изгледа земјата ако на референдумот закажан догодина, граѓаните изберат "ДА".

Богатите во Европа бараат отцепување

Низ цела Европа богатите малцинства се повеќе имаат желба да добијат независност од сегашната матична држава, која во време на финансиска криза се повеќе почнува да им тежи.