Таг: невронаука

Луѓето со необични внатрешни гласови

Прашани каков внатрешен глас слушаат кога си зборуваат самите со себе луѓето најчесто велат - сопствениот. Но има и такви кои признаваат дека во главата им се врти монолог кој како да се прикажува на телевизија, или како да доаѓа од подрум. А замислете тоа да е пар кој постојано се кара меѓусебно?

Како мозокот реагира на убавина

Научниците се во потрага по невралната основа на енигматичното искуство, кое нè исполнува со восхит и задоволство.

Кога горе е долу: зошто голем број гејмери ги менуваат контролните опции?

Каприц, навика, генерациска особина или нешто што може да се објасни со невронаука? Oпцијата за менување на „нагоре“ со „надолу“ и обратно во видео игри кажува нешто за начинот на кој некои луѓе се позиционираат во просторот.

Гладот и осаменоста активираат ист дел од мозокот

Пандемијата прави светот да се чувствува поосамено од кога и да е. Инстинктот за одбегнување осама е длабоко вграден во нашите мозоци, а нова студија сугерира дека нашиот копнеж за социјална интеракција поттикнува слична невролошка реакција како и онаа на гладен човек.

Што е тоа „допаминско постење“?

Има хроно-диета. Па диета на Обединети нации. Па автофагија, па кето, па секој ден варена зелка. Е оваа „диета“ е малку поинаква, и не се однесува само на храна.

Скулптури од мозочни бранови во 3Д

Џулија Бунтен Хоел ја претставува електричната активност на мозокот на изложбата „Бранови“, која во моментов е поставена во еден од музеите од групацијата Смитсонијан (оддел за уметност и индустрија) во Вашингтон.

Воздржувањето е добро, и може да се тренира

Карактерот не е судбина, па и ако некој по природa е нестрплив, импулсивен и невоздржан не значи дека му нема чаре. И не (само) затоа што мора тоа да го стори, човек може да се обучи да биде умерен за свое добро, и за добро на заедницата.

Колку личен простор ни е навистина потребен?

Не фигуративно, туку буквално. Туркање во автобус, непосакувано гушкање, дишење во врат - сето тоа се доживува како загрозување на личниот простор. Иако радиусот на ваквата територија се базира и на културата, потребата тој да се има (или да се препушти на друг) е длабоко еволутивна, вели нова книга.

Жената-истражувач на мозоците на ментално болните која полуде

Во нова книга Барбара Липска опишува како го преживеала ракот кој се проширил до мозокот, и како болеста ѝ го променила и начинот на мислење, и карактерот, но и природата на менталните болести кои самата ги истражува.

За што служи љубовта?

Антонио Дамасио, веројатно веднаш по Оливер Сакс, е невронаучникот во чии популарни книги се промовира важноста на биолошката основа на она што најчесто се сместува во сферата на психолошкото - чувствата. А тие според него не се некаков нус-производ на еволуцијата, туку обратно, одиграле суштинска улога во нашето преживување како вид.

Уметност и невронаука: соништа претворени во реалност

Денов почна со чуден сон. Во него сум на лаптоп и кликам „рифреш“ за нов сон. Толку ми е смешно што се будам. Кој знае како би изгледало кога тоа би можело да се претстави во 3Д. Всушност, тоа веќе се прави. Само што барем засега резултатот ни од далеку не може да се спореди со поетиката на соништата.

Зошто мозокот не ни експлодира кога гледаме брзи монтажи?

Џеф Закс е експериментален невронаучник, а неговата книга „Треперење: нашите мозоци на филмови“ меѓу другото објаснува некои од основните принципи кои прават подвижните слики да ни имаат смисла како континуирана приказна, и покрај монтажите.

Нов експериментален проект на Дејвид Брн

The Institute Presents: Neurosociety, 60-минутен театарски перформанс креиран од Дејвид Брн и Мала Гаонкар, се состои од интерактивни околини кои ја претставуваат работата на петнаесет когнитивни невронаучни лаборатории низ светот.

Кој е тука психопатот?

Едно попладне во октомври 2005, невронаучникот Џејмс Фалон разгледувал снимки од мозоци на сериски убијци. И открил нешто неверојатно, за што напишал и книга.