Таг: некролози

Како некролозите ја хуманизираат кризата

Во последно време сите како да станавме епидемиолози и статистичари. Се обидуваме да најдеме некоја закономерност во хаосот од податоци, да претпоставиме кога и како сето ова ќе заврши. Но притоа, освен ако не се работи за некој наш близок, забораваме дека сите тие бројки на заболени и на починати, се всушност - луѓе.

Некролози какви што луѓето (и нештата) заслужуваат

Во нова книга на хумористот Мо Рока се исправаат некои неправди од минатото - луѓе кои не биле во свое време доволно сфатени и ценети ги добиваат некролозите кои ги заслужуваат. Но последно испраќање добиваат и цели држави и спортски клубови.

Дали навистина 2016 беше погубна за славните?

Боуви, Принс, Харпер Ли, Алан Рикман, Мухамед Али, Џорџ Мартин, Леонард Коен...Годинава што изминува ни изгледаше посебно смртоносна за познатите личности. Дали навистина 2016 беше „проколната“?

Нов документарец за редакцијата што пишува некролози во Њујорк Тајмс

Едно од прашањата што си го поставуваат познатите, освен колку грди слики кружат од нив по интернет, е - дали Њујорк Тајмс веќе го има напишано нивниот некролог.

Тајниот јазик на некролозите

„По долго и тешко боледување" во нашите последни поздрави обично значи дека починатиот умрел од рак. „Ненадејно" дека го стрефило инфаркт. Важно е и кој е потпишан, па дури и по кој редослед. Но во некролозите, во овој случај оние кои се објавуваат во Русија, има и посложени „кодови".

Човекот кој напишал некролози за Битлси уште во 1960-тите

Хантер Дејвис (1936) е британски писател и новинар. Автор е на 35 книги, меѓу кои и на единствената авторизирана биографија на Битлси. Сепак, најинтересните моменти во неговата кариера имаат врска со некролози - неговиот сопствен, и оној на Џон, Пол, Џорџ и Ринго, кога тие имале само дваесетина години.