таг: научна фантастика

Интерактивна изложба инспирирана од „Црно огледало“ во Лондон

„Во непознатото: патување низ научната фантастика“ ќе биде отворена во јуни. Се базира врз препоставката дека современиот живот сè повеќе наликува на дистописката серија на Чарли Брукер. Што би рекле во сараевска „Аудиција“ - ш’о претпоставка, чиста вистина! Повеќе

Трендот на „тврдата научна фантастика“
Марсовецот и неговите вселенски компири

Футуристички филмови (базирани на книги) имало и претходно, но во последно време во подем се такви кои, иако спаѓаат во жанрот научна фантастика, се обидуваат да бидат што пореалистични кога е во прашање научниот дел, на сметка и на пињау-пињау моментите, и на вселенската метафизика. Повеќе

Сте чуле ли за „филк" музика?
Жанрот кој ви недостасуваше

Во најновата епизода на Big Bang Theory, Раџ и Хауард направија бенд и почнаа да настапуваат со нивните „филк" песни (folk+sci-fi). Мислевме дека ова е само уште една супер измислица на серијата. Ама.. Повеќе

Еx Machina (2015)
Букбокс гледаше

Тешко е да се гледа научна-фантастика во која речиси совршени човечки „репликанти" се обидуваат да ја преземат контролата, без асоцијации на Блејд Ранер, и чувство дека сè по него е во сенка на неговата визуелна и визионерска моќ. Па сепак, Ex Machina е повеќе од дистописки спектакл во кој главен лик е згодна и (вештачки) интелигентна жена, какви што се изнагледавме во последно време. Повеќе

Запознајте го кинескиот Артур Кларк

Еден научно-фантастичен роман од најпопуларниот кинески автор од овој жанр е преведен на англиски. Тоа е можност да се проценат културолошките разлики во пишувањето СФ, кои можат да доведат и до такви живописни приказни во кои сиромашен кинески селанец талка низ вселената рака под рака со Стивен Хокинг. Повеќе

„Луси" (2014)
Букбокс гледаше

Нешто како мешавина на Матрикс, Трансформери и Којанискватци, филмов помеѓу сето тоа „пињау-пињау" и нишањето на колковите на Скарлет Јохансон има и една хумана порака - дека секој има обврска на човештвото по себе да му остави eдно УСБ, полно со знаење. Или барем ЦД со латино.  Повеќе

Perfect Sense (2011)
Букбокс гледаше

Нема празник а некој на социјалните мрежи да не побара да му се препорача филм, по што обично следат долгометражни коментари со наслови и линкови. Еден од нив овој пат ни фати око. Повеќе

Научна фантастика 2013 / 2014 (трејлери)
Најдобрата порно научна фантастика 1992-2001