таг: најдобар стрелец

Шпицот на Келн кој ги засени Левандовски и Обамејанг

Во фактот дека до сезонава сте немале појма кој е Антони Модест нема ништо криминално. Дури и фудбалерите од Бундес на Модест неодамна слушнале за него и биле изненадени кога разбрале дека во германската лига има Французин кој игра подобро од Рибери. Повеќе

Најкомплетниот шпиц во Европа игра за Торино

Андреа Белоти дава голови со лева, со десна и со глава, и на тој начин е покомплетен дури и од центарфорите кои спаѓаат во категоријата најдобри на светот. Во моментов е прв стрелец во Серија А, а во Европа пред него се само Меси и Кавани. Повеќе

Несторовски: Сакам да го спасам Палермо

Прилепчанецот има сериозна намера да стане прв стрелец на екипата во Серија А, но вели дека тоа би било џабе ако клубот од Сицилија не се спаси од испаѓање во втора лига за што ќе треба пеколна борба. Повеќе

Илјадарката на Кире

Капитенот на македонската репрезентација синоќа против Словенија го даде 1000. гол во дресот на репрезентацијата. Кире до првиот гол на мечот против Словенците даде 977 погодоци на официјални средби (квалификации, настапи на СП и ЕП). Повеќе

Најдобриот гол на снег на сите времиња

Наградата Ференц Пушкаш се дели веќе осум години и сите осум наградени ја заслужија бидејќи направија мајстори потези со топка. Но, секогаш постои едно „но“. Гледајте, учете, а ако сакате излете надвор и пробајте додека не запролети. Симпли д бест и идејата и реализацијата на Италијанциве. Повеќе

Што сè треба да знаеме за Антоан Гризман?
Малиот Принц

Како мал големите француски клубови го одбивале со изговор дека „е низок и дека е слаб по конституција“, а прв кој го забележал неговиот талент бил еден француски скаут од Реал Сосиедад. Сестра му била на концертот во Батаклан каде Исис уби 90 луѓе. Повеќе

Единичарот кој Јувентус го избрка ја внесе Пескара во Серија А

Пескара е последниот патник во Серија А, откако со вкупни 3-1 во двомечот го совлада Трапани во плејофот. Тренер им е Масимо Одо а групата талентирани играчи ја предводи Италијанец со перуанско потекло кој се изнадава голови и доби прекар Игуаин од Серија Б. Повеќе

Ибра во Париз како Тито на Бриони

Во последниот натпревар за ПСЖ, 40.000 навивачи носеа маски со ликот на Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот излезе на терен каде со аплауз го пречекаа сите фудбалери. Во 10. минута судијата го стопираше натпреварот за навивачите со стоечки овации да му заблагодарат на бројот 10 за сите трофеи што им ги донесе. А Ибра? Им врати со два гола, 38. во првенството. На крајот, ПСЖ направи три замени, но Ибра излезе во свој стил. Повеќе

Лука Тони стигна до крајот, најави повлекување

Во 2006. година стана светски првак со Италија и првиот Италијанец кој ја освоил Златната копачка за најдобар стрелец во Европа, има две титули со Баерн Минхен и смени преку 12 клуба. Конечно стигна до финишот. Повеќе