Таг: морал

Инфлацијата не е само економски феномен

Намалувањето на вредноста на одредена валута е метод на поттикнување револуционерна промена. Вака зборувал Ленин, и иако денес не е баш модерно да се цитираат мислители од нашето марксистичко минато, па уште и Руси, она што тој го тврдел - дека инфлацијата има големо општествено а не само економско влијание - денес е појасно отколку кога и да е на глобално ниво.

Тактичноста како доблест

Тежнеејќи кон постигнување морални височини - чесност, великодушност, пожртвуваност - забораваме на оние „малите“ доблести, а толку потребни во секојдневните, често сложени меѓучовечки интеракции.

Таблица која го објаснува вашиот светоглед

Едноставна шема преземена од играта Dungeons&Dragons стана вирален начин за категоризирање на луѓе, начини на седење или пакување леб. Луѓето едноставно сакаат некаков ред, дури и кога тој потенцијално може да создаде уште поголем хаос.

За да бидеш подобар човек, треба да знаеш да се засрамиш

Кант сметал дека моралното образование е „хидрауличен“ процес - срамот ни ги потиснува пороците, и прави простор за да се издигнат нашите доблести. Ова особено ефикасно функционира кога сме соочени со примери кои нè засрамуваат со својата морална исправност. Како тоа - кои примери?

Кинезите забранија тетоважи во репрезентација

Владата на најмногубројната земја на светот издала налог со четири принципи за високо-морално однесување во јавност. Ќе се црташ по раце и нозе ама ќе носиш долги ракави и завои.

Дали е подобро да победиш искушение или никогаш да не го почувствуваш?

Од невини престапи како да каснеш падобранец сред диета, до поголеми кои вклучуваат измами, секс или пари. Најчесто им одолеваме, особено на поголемите. Но кој е подобра личност: оној кој постапува морално додека е искушуван, или оној кој никогаш не доаѓа во таква ситуација?

„Трамвајскиот проблем“ или за моралноста на моралните коментари

Еден онлајн тест кој  бара носење виртуелни одлуки кои реално никому не можат да му наштетат, всушност многу кажува за вистинските морални ставови на оние кои го решаваат.

Дали моралот има пол?

Наоѓаш временска машина и патуваш во 1920. Еден млад австриски уметник, Адолф Хитлер, престојува во хотелската соба до твојата. Вратата не е заклучена, лесно можеш да влезеш и да го убиеш. Така не би имало Втора светска војна и би спречил други убиства, на милиони луѓе. Ама, Адолф уште ништо нема направено за да го заслужи ваквиот крај. Дали е морално оправдано да биде убиен?

Што е поважно - вашата работна биографија или некрологот?

Сè почна од еден твит: „Жал ми е што нема да го слушнам мојот посмртен говор. Тоа ќе биде сè што сум требала да бидам.“ Следеше линк до говор на ТЕД, кој зборува за јазот помеѓу два аспекта на нашите личности - онаа која живее за добро си-ви, и онаа која живее за добар некролог. Што би одбрале вие?

Дали мислењето на странски јазик влијае врз моралните ставови?

Дали би убиле еден човек за да спасите петмина? Would you kill one person to save five? Психолозите велат дека одговорот на ова прашање може да зависи од тоа на кој јазик ви е поставено.