Таг: монопол

Како Амазон ја прегазува конкуренцијата и партнерите

Амазон ти ја гаси продавницата со тврдење дека продаваш фалсификати. За повторно да ја пушти бара фактури и детали околу производството на продуктот што го продаваш. По некое време продавницата повторно ти е активна, ама на платформата се појавува идентичен и поефтин производ продаван директно од Амазон.

Гугл како една од најголемите опасности за светската економија

Некогаш најголемите меѓународни компании се занимаваа со различни работи и беа од различни земји. Денес сите најголеми такви корпоации се од ист сектор и од иста држава. И сакаат да собираат профит од сите држави а да не мораат да им плаќаат данок.

Крајот на џиновите?

Гугл собира 77% од парите за реклами во резултатите од пребарување. Гугл и Фејсбук контролираат 56% од пазарот на реклами на мобилни уреди. На Амазон отпаѓа 70% од целата продажба на е-книги и 30% од е-трговијата во САД. Низ Фејсбук минуваат 75% од сите инстант пораки, кога ќе се собере сообраќајот на ФБ месинџерот, Вотсап и Инстаграм пораките.

Време е да се растури Амазон

Во петокот кога Џеф Безос удри есап му излезе дека Хол фудс го добил бесплатно. Само што даде 13,7 милијарди долари за 6-от по големина синџир супер-маркети во САД, акциите на Амазон пораснаа за 14 милијарди долари. А и пред ова математиката не му беше лоша, Амазон генерира 30% од вкупниот раст на малопродажбата во САД (он + офф лајн), и контролира 40% од интернет клауд сервисите.

Амазон станува невиден монопол

Во петок сабајле Амазон објавува дека го купува ланецот гранапи за здрава храна Whole Foods за 13,7 милијарди долари. Еден час подоцна, акциите на Амазон скокаат за 3% што на компанијата ѝ додава 14 милијарди долари. Практично, се купува за беспари. Каде води таа моќ?

Единствениот уметник кому не му е дозволено да ја користи најрозовата розова боја

Ова време минатата година пишувавме за тоа дека британска компанија произведе „Вантацрна“ боја и му даде ексклузивни права за нејзино користење на британско-индискиот уметник Аниш Капур. Тогаш сликарите низ светот остро реагираа на ваквото монополизирање на боја. Еден од нив сега се одмаздува, со добра смисла за хумор.

ЕУ би да го растури Гугл

Како решение на сите тужби во кои се тврди дека Гугл ги промовира сопствените сервиси во резултатите од пребарувањето, компанијата би требало да се раздели на помали делови. Барањето е од Европскиот парламент, кој инаку нема никаква моќ да го спроведе ова.