Таг: мирослав клосе

Учете од Клосе деца

Ако некој играч треба да претставува модел за професионалност и дисциплина, тоа дефинитивно е Мирослав Клосе. Германец кој треба да им служи како пример и на Германците.

Фудбалот денес и во времето на Клосе

Иако изгледа како да беше вчера, сепак од седмицата на Германија која му ја додели на Бразил поминаа неполни 4 години. Вечерва играат пријателска, а во пресрет на средбата куса изјава даде најдобриот меѓу најдобрите, кој им го плесна во фаца на тие што не излегуваат без фризура на натпревар.

Топ 10 моменти за 2016-та по наш избор

Направивме една листа од сè она што од прва низ помина во глава, а беше актуелно за следење, гледање, пишување во текот на годинава. Можеби сме испуштиле нешто важно, луѓе сме, ама на толку збиднувања и куцање на тастатура последниве 365 дена веројатно изборов ќе добие солидна оценка.

Зошто никој не ги ангажираше овие петмина играчи?

И покрај тоа што се постари, битно се искусни, познати, играчи со реноме. Но никој не ги донесе за време на летниот трансфер период, а немаше ништо да загуби, можеше само да добие. Се работи за слободни агенти.

Што значи 9-ти јуни за навивачите на Лацио

На 8 јуни 2011-та во 21:03 на аеродромот Фјумичино во Рим слета авионот на Луфтханза LH1850 од кој се симна Мирослав Клосе. Следниот ден го прослави својот 33-ти роденден, ги помина медицинските прегледи и стана играч на Лацио. Се друго е историја. Миро денеска полни 38, а Лацијалите не знаат попрво кое видео од него да го постираат.

Данке Миро

Кога на последниот меч ти ја даваат капитенската лента и сите играчи облекуваат дрес во твоја чест на кој пишува „ти благодариме“, тогаш јасно е дека испраќаат легенда каква што секој клуб би посакал да има, особено кога на скоро 38 години игра како сега да му почнува кариерата.

13 фотографии кои ќе бидат епски

Плачот на чичкото со брковите кој го гушна пехарот, неславното пензионирање на Зидан, канибалот од Уругвај, Ферги, Меси, Клосе...Неколку фудбалски моменти кои кога ќе старат ќе бидат историски.

Како се завршува кариерата на чесниот војник Миро

Германскиот ветеран и натаму е од корист во Лацио, но на неговиот славен пат се наѕира крајот. По што ќе го паметиме човекот кој е најдобар стрелец во историјата на Светските првенства и германската репрезентација?

Што значи да се има искусен напаѓач

Не ги викајте фудбалерите над 30 години старци, особено не овој викенд во кој држеа лекции во Турција, Италија, Франција па се до САД и Аргентина. Како виното се.

Има ли Лацио искуство за Лига на шампиони?

Иако во август ќе играат прелиминарно во плејофот на ЛШ, составот на Лацио статистички има недостиг од искуство за најбогатиот европски фудбалски турнир. Исто е и со тренерот Стефано Пиоли кој прв пат ќе се бори за ЛШ, но тука е маестро Миро Клосе.

Пеле се споредува со Бетовен, а Мексес сакал да биде пожарникар

Од најновите изјави на неделата кои редовно ги собира во едно Газета дело Спорт ќе прочитате што би направил напаѓачот на Јувентус, Мората само за да игра финале во ЛШ и како на Ел Класико судијата го давел Пике со разни муабети кои немаа врска со фудбал.

300 пати Мирослав Клосе

По долгогодишниот престој во Бундеслигата, германскиот голгетер на 33 години мигрираше на југ, во лига со друг менталитет, начин на игра и каде гол во градско дерби те прави херој. Годините веќе никој не му ги број, важни се неговите голови кои ги постигнува како да игра во младинци.

Славни фудбалски имиња кои се потенцијални пензионери

Откако минатата сезона збогум на фудбалот му кажаа играчи од калибарот на Пујол, Гигс, Анри, Занети и Раул, им се ближи крајот уште на неколку ѕвезди кои се ветерани. Повеќето од нив се наполнија со трофеи, а за пари не ги жалиме, ќе се снајдат.

Сите голови на кралот на Мундијалите

Најдобар стрелец во историјата на германската репрезентација со 71 гол. Најпрецизен на Светските првенства со 16 голови и единствен фудбалер на планетата кој пет пати стигнал до полуфинале на Светските и Европски првенства.