Таг: мастерс

Мајсторе кај ја стави камерата на сред терен

Во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати гледавме руско дерби меѓу Рубљев и Медведев. Првиот фаворит на турнирот и втор тенисер на светот, Медведев во еден момент се удри и ја преврти камерата која беше веднаш позади него. Среќа сите поминаа добро. Судијата се симна да праша како се, а Данил бараше да ја тргнат камерата од тука.

Еднаш Ѓоковиќ ги соблече шорцевите пред Надал и така почна големо ривалство

Едниот 22 години, другиот 21. Бикот од Мајорка веќе почна да ги тероризира сите противници на земја и ги мелеше до мера да не сакаат да паднат против него на некој турнир. Ама Новак, уште недоволно зрел, покажа потенцијал дека може да му се носи на Шпанецот.

Чудото на Енди Мареј - во јануари му ставија вештачки колк, а сега освои титула после 960 дена

Понекогаш во спортот се случуваат работи, кои многу тешко може да се разберат и кои ја прошируваат нашата претстава за човековите можности. Враќањето на Енди Мареј е едно од нив.

Ѓоковиќ прозборе кинески во Шангај и ги воодушеви навивачите

Откако го совлада Шаповалов и се пласираше во 1/8 финалето од мастерсот во Шангај, светскиот рекет број 1 одговори на барањето на водителот да каже збор-два на кинески.

Ѓоковиќ стана прв во историјата што ги освоил сите Мастерси

Српскиот тенисер конечно по пет обиди успеа да го освои Мастерсот во Синсинати, откако со 6:4, 6:4 го совлада Роџер Федерер и направи неверојатен подвиг со кој уште повеќе ја засили дебатата кој е најголем на сите времиња.

Пред две години местел мечеви за пари, а сега е во полуфинале на Ролан Гарос

Италијанскиот тенисер Марко Чекинато го направи најголемото изненадување на Ролан Гарос откако го совлада Новак Ѓоковиќ во најдобриот меч на турнирот досега, и се пласираше во полуфинале.

Да не била Мирка, Федерер одамна ќе го баталел тенисот

Малкумина знаат за почетокот на кариерата на Роџер кога бил чиста спротивност на она што е денес. Кршел рекети, викал и се карал со судии, се однесувал ексцентрично. Денес е огледало на спокој и мир а за тоа е заслужна неговата жена.

Ѓоковиќ го распушти целиот стручен штаб

После 11 години, тренерот Марјан Вајда, физиотерапевтот Миљан Амановиќ и кондициониот тренер Гебхарт Фил Грич веќе нема да бидат дел од тимот на српскиот тенисер.

Втората младост на Роџер Федерер

Швајцарецот кој во август ќе полни 36 години синоќа ја освои 90-та титула во кариерата, 25-та на Мастерс турнирите и се искачи на АТП ранг листата.

Љубителот на археологијата игра во животна форма

30-годишниот Французин Гаел Монфис според многумина ја игра најуспешната сезона во животот и првпат во кариерата ќе се појави на турнирот на најдобрите 8 тенисери во годината Barclays ATP World Tour Finals во Лондон.

Седум главни рекорди на земја на Рафа Надал

Шпанскиот тенисер, кој прв на чело ќе ја води колоната шпански олимпијци летово, постави неколку рекорди на земјените терени поради кои го доби прекарот Крал на земјата.

И Рони О’Саливен греши

Откако во април лани загуби во 1/4 финалето на Светското првенство од Стјуарт Бингам, Рони (40) реши малку да пододмори и се врати за Мастерсот кој се игра во Александра Палас во Лондон. Петкратниот светски шампион го победи Марк Вилијамс во првата рунда, но дуелот го одбележа со почетнички удар.

Три пати ја промаши црвената и загуби фрејм

На Мастерсот во Лондон се случи сосема необичен настан во модерната снукер историја. Во шестиот фрејм од мечот од првата рунда меѓу Шон Марфи и Марк Ален, вториот водеше со 3:2 кога бранителот на титулата три пати по ред ја промаши црвената топка и го загуби фрејмот.

Аплауз од Рафа за волејот на Ноле

За 81 минута игра, Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал 6:3, 6:3 во полуфиналето на Мастерс купот во Лондон и по петти пат ќе игра во финалето на овој турнир. Во низата врвни потези на двајцата тенисери, се издвои еден за кој аплаудираше и самиот Надал.

Биографија за вистинските „господари на сексот“

Од новата серија Masters of Sex до сега сме поминале само неколку епизоди (од вкупно 12-те од првата сезона која ќе заврши во декември), но во тоа веќе гледаме почеток на едно убаво пријателство. Кои биле всушност Вилијам Мастерс и неговата асистентка Вирџинија Џонсон?