Таг: мартин одегард

И Мартин Одегард не помина баш добро пред гол

Норвешка не успеа да ја совлада Грузија на гости и одигра само 1:1 во квалификациите за ЕП. Домашниот голман се истакна со неколку јаки интервенции, а најголемата утка на мечот ја имаше фудбалерот на Арсенал кој место да ја искине мрежата, во публика ја прати топката.

Што е со потегов на Мартин Одегард?

Беше помпезно најавен уште како тинејџер во Реал Мадрид, но се пронајде екстра во Арсенал кој го доби големото дерби против Манчестер Јунајтед со 3:2. Погледнете ја масторијава на 24 годишниот Норвежанец во стилот на Меси. Толку е ова брзо, што бара рипит повеќе пати, за да сфатите како го изведе.

Евроголот на вечерта во ЛЕ е дело на Мартин Одегард

Опчинети од чудесната партија на македонската ракометна репрезентација против светскиот првак, ќе заборавевме дека во исто време се игра топ 16 во Лига Европа. Адеми и Ристовски беа стартери за Динамо во Лондон каде загубија 2:0 од Тотенхем, а голчиштето на колото падна во Атина.

Да скрене човек на асистенцијава на Одегард

Ако некој случајно подзаборавил на тогаш 16 годишниот норвешки тинејџер на Реал Мадрид, кој беше претставен како Бог, епа сега има 20 и се кали на позамијца во Реал Сосиедад. Малиот гази по првите 6 кола, а Сосиедад е втор на табела со четири победи. 

Мали, ништо од ова не видовме на „Градски“

Младинската репрезентација на Норвешка ја совлада Ирска У21 со 2-1 во квалификациите за Европско првенство. Мартин Одегард го отвори резултатот уште во 19’ минута. При резултат 1-1, надежта на Реал со страшна асистенција проигра свој соиграч но тој не реализираше. Норвежаните победија после голот на Ивер Фосум во 90’ минута од мечот.

Што се случува со талентот на Реал од Норвешка

Пред извесно време многу луѓе се чуделе како татко му на Килиан Мбапе ги одбил Реал Мадрид и Зинедин Зидан. Откако норвешкиот вундеркинд Мартин Едегор беше најавен на голема врата, а заврши во просечен холандски прволигаш, талентите „прво дуваат во јогурт“.

Од каде ли Мартин го научи овој дриблинг?

За тинејџер кој е растен во Норвешка, земја каде фудбалот не е спорт број 1, зачудува изведбата на ваков ретко виден потег на кој сигурно нема да подзамижи ниту неговиот колега Кристијано Роналдо.

Најголемата надеж на Реал се врати од мртвите

На 21 јануари 2015-та Реал Мадрид плати 3 милиони евра за 16 годишно дете од Норвешка по име Мартин Одегард кој беше претставен со сите можни суперлативи како идна голема фудбалска ѕвезда. Потоа доби посебни привилегии да игра за б тимот на Реал, а да тренира со првиот тим и да зема плата од 80.000 фунти неделно.

Погрешните потези на Реал со Одегард и падот на Зидан со Кастиља

Екипата предводена од некогашниот најдобар фудбалер на светот во јануари беше прва во Сегунда Б а сега заостанува 13 бодови зад лидерот. Кога на теренот бил малиот Мартин Одегард, Кастиља загубила 5 од 10 натпревари по што сега притисокот е врз Норвежанецот.

Младата ѕвезда на Реал почна да изводи

Норвешкиот тинејџер доби посебен третман на Бернабеу и сега не може да поднесе ниту да седи на клупа.

15 годишен Хрват го импресионираше Гвардиола

Со многу отсутни првотимци поради обврски со репрезентациите, шпанскиот тренер во првиот тим го пресели младиот Тони Трогранчиќ кој го воодушевил Гвардиола. Реал го има Одегард, но и Баварците сега може да се пофалат со новиот вундеркинд.

Кралот опседнат со малиот викинг Одегард

Норвешкиот вундеркинд и официјално е нов играч на Реал Мадрид, клуб кој во него гледа нов миленик и нов Кристијано Роналдо. Тренер ќе му биде Зинедин Зидан, а во Реал ќе се вработи и татко му.

Најмладите дебитанти во историјата на Евро квалификациите

15-годишниот фудбалер на Стромсгодсет вчера влезе во игра против Бугарија, со што стана убедливо најмладиот фудбалер што играл квалификациски натпревар за Европско првенство. Меѓу петте најмлади дебитанти има двајца од Лихтенштајн и по еден фудбалер од Грузија и Исланд.