Таг: марчело липи

Липи ќе ви каже кои фудбалери ги затвораа дискотеките

Гостинот прашува на што се основа блискоста на Бобо и Пипо, на заедничката страст кон жените или? Бобо: Се познаваме веќе 6-7 години и заедно израснавме во Италија У 21. Така станавме пријатели, плус генерација сме и во прва прилика ќе се видиме надвор од терен.

Кога Тарибо Вест му рекол на Липи: „Шефе, Господ ми рече дека морам да играм“

За време на еден разговор преку видео повик на Фејсбук, Бобо Виери му раскажува анегдота на Марко Матераци од времето кога Марчело Липи го водеше Интер.

Професорот кој ѝ помогна на Аталанта да стане толку силна

Тимот од Бергамо важи за едно од напријатните изненадувања во Топ5 лигите во Европа во последните пар сезони. Успехот се должи и благодарение на еден симпатичен Данец кој работи од сенка и кој му препишувал диети на Зидан во Јувентус.

„Заминав од Барса за да не ја изгубам жена ми“

Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.

Гркот од Интер кого носталгијата го чинеше илјадници марки

Дебитираше во 1999-та година во Интер кај Марчело Липи и набрзо стана еден од подобрите леви бекови кои играле на „Џузепе Меаца“ со голови, асистенции и бразилски дриблинзи.

Како Јувентус доминира во светот

Во последните 22 години Јувентус освои вкупно 27 трофеи од кои 13 Скудета. Пола од тие трофеи се на Марчело Липи, учителот на светски фудбалски имиња кои денеска се во подем со нивните тренерски кариери. Видеото објаснува сè.

Каде е генерацијата која на Јуве му донесе Лига на шампиони

21 година го чекаат навивачите на Старата Дама највредниот трофеј во европскиот фудбал. Оттогаш наваму одиграа неколку финалиња, но никогаш не се качија на кровот на Европа, како што се качија нивните претходните пред повеќе од две децении. Кои беа тие?

Како 14 фудбалери од тимот на Јувентус 2001 станаа тренери

Златната генерација на Јувентус не успеа да врзе 2-3 титули на самиот старт од овој милениум, а имаше состав за такво нешто. Колку само интелигентни играчи имаше во тој состав подоцна предводен од интелигентниот Марчело Липи, потврдува фактот што пола од нив сега делат памет.

Зошто е Џиџи поголем отколку што мислиме

Секој голман знае дека прв услов да станеш голман е да знаеш добро да паѓаш. Малиот Џиџи научил рефлексно да се фрла и да паѓа зимно време на снег во куќата на чичко му, а на лето постарите сестри го терале да трча со врзани раце по плажа каде ги дерел колената.

Каде се и што прават светските шампиони од 2006-та

Некои и после 10 години уште играат активно, некои запливаа во тренерски води, некого поврзуваа со мафијата, а некој замина на далечниот исток. Кои беа играчите кои го обоија небото со аѕурна боја таа 2006-та?

Човекот кој и душата би му ја потпишал на Интер

Како мал станувал во 5 сабајле за да разнесува млеко и да заработи 80 пезоси. По работата одел во вежбална, па на тренинг. Никој од младинските тренери не верувал дека слабичкиот Хавиер ќе стане професионален фудбалер, а тој одигра повеќе од 700 средби.

Кој е чичкото што ќе ја води Италија во Скопје?

Со скромно портфолио зад себе, Џампјеро Вентура на 68 години го досонува сонот и стана селектор на Аѕурите. Важи за мачо мен кој има либерални сфаќања и не знае да фрла шишиња вода во соблекувалната. Се ожени летово за 28 години помлада жена.

Бразилецот од Партизан кој го одби Ливерпул за Кина

Те бара славниот Ливерпул чијшто тренер ти кажува дека те сака во тимот затоа што си гол машина, а ти одбиваш и решаваш за многу пари да играш во Кина каде фудбалот уште не бил како денес. Ни приближно како денес и дресовите си ги переш сам дома.

Колку лош меч одигравме, да бев тренер на Интер ќе си дадев отказ

Дождот на Мацари, одбивањето на Конте и Михајловиќ да бидат тренери на Јувентус и Милан и самоотпуштањето на Марчело Липи. Десет изјави во Серија А кои ќе останат како познати бисери на тренерите.

Милан и Интер во историска криза

Откако победата вреди три бода, црвено и сино црните никогаш не биле вака лошо пласирани на табелата, како што се во моментов. Заедно имаат 52 бода, само три повеќе од Јувентус сам.