Таг: маикон

Ама е лош овој Мајкон

Касни, спор е, не се залага, греши основни додавања, не го бива за игра еден на еден. Добро како го трпеле Бразилецов седум години во Порто? Не зборуваме за Мајкон што газеше во Интер, туку оној од Галатасарај. Ова е пресек од мечот против Трабзонспор. Перформанс за нигде никаде.

За да освоите ЛШ мора да имате Бразилец во одбрана

Селекцијата на Бразил е синоним за Пеле, Роналдо, Ривалдо, Ромарио, Роналдињо, Нејмар, Кака и останатите фудбалери специјалисти за дриблинг. Арно ама оваа земја вади и врвни дефанзивни фудбалери кои секоја година се со пехар од Лига на шампиони во раце.

Голот на Маикон против Јуве кој не се повторува

Април 2010-та во Серија А беше месецот во кој се надзираше историската тројна круна на Интер. Беа домаќини на Јуве кој таа сезона заврши седми на табела и на 15 минути до крај бекот на Нероаѕурите кој беше како воз по десна страна, приреди шоу на Меаца.