Таг: лажни вести

Топ книги на тема лажни вести

Живееме во доба на лажни вести, но манипулациите во оваа област не се нови, исто како и обидите да се опише, анализира и предвиди нивното влијание врз политичкиот живот. Покрај антологиската „1984“, еве уште неколку книги кои тоа го правеле многу пред времето на интернет.

„Знаењето“ е надминат и штетен концепт?

Наместо да е темел на вистината, знаењето е концепт од камено доба, кој ни штети во секојдневниот живот во модерниот свет. Тврдењата на авторот на овој есеј се можеби спорни, сигурно вознемирувачки, но нудат интересен агол.

Жижек совети за „фејк-њуз“

Три работи: Прво, Жижек има свој осврт на фејк-њуз што е и како е; второ, на РТ; трето, каде од пред некое време има сопствена емисија под наслов „Како да ги гледате вестите, со Славој Жижек“.

Како вистинските вести се полоши од лажните вести

На кратко, премногу информации, дури и факти, можат да доведат до цинична популација која има многу малку очекувања од своите лидери.

Како ЕУ ќе се бори против лажни вести, ако не знае што се?

Прв проблем во борбата на ЕУ против лажните вести е што уште не разбираат што точно треба да регулираат, и начинот на кој моментално се обидува да расчисти малку од малку околу темата, само го влошува проблемот.

Вистината нема шанси со лагата

Наспроти нашата пуста верба дека „на лагата ѝ се кратки нозете“, Џонатан Свифт на времето напиша „Лагата лета а Вистината доаѓа после неа и се тетерави“. За жал, она што пред три века била само хипербола, денеска е прецизен опис на функционирањето на социјалните мрежи.

Како Македонец од Струмица ги насамари Серена Вилијамс и БиБиСи

Во пресрет на претседателските избори во САД, на големо се зборуваше за лажните вести за потребите на еден од кандидатите кои се штанцаат во Велес. Приказнава што следи е нешто поневеројатно.

ФБ ќе ја утврдува веродостојноста на вестите со анкета

Бидејќи се под константнa и сè поголема бламажа дека се главен канализационен одвод за лажни вести и црна пропаганда, Фејсбук мора да покаже дека нешто прави со тој проблем. Генијалците смислиле - анкета. Со вкупно две прашања. 

Можат ли лажните вести да бидат забранети со закон?

Новогодишно, обраќајќи се од Елисејската палата, Макрон го најави своето решение за сузбивање на лажните вести во форма на закон кој треба да биде воведен до крајот на годината. За волја на вистината Французите имаат закон против ширење злонамерни информации уште од 1881.

Борбата против „лажните вести“ како нова форма на пропагандна војна

ЕУ најави здружено решавање на проблемот со „лажните информации кои се шират со загрижувачка брзина“. Ова доаѓа по сличните одлуки на Франција и Германија, кои најавија решенија со кои се забранува говор на омраза или лажни вести. Работата е што говор на омраза и лажни вести и пред сета оваа галама беа нелегални.

Многу галама околу нив, малку влијание од нив

По најневеројатните количества внимание што лажните вести како еден од сегментите на интернет дното успеаа да го соберат и навлечат на себе, темата сериозно се зафатија да ја изучуваат сериозни луѓе. А дури и за одговарање на основните прашања околу ова требаше време.

Лажните фудбалски вести кои ги потресоа децата

Сте виделе ли како реагира дете ако му згрмиш со зборовите: Ако не бидеш умен, Луиз Суарез ќе дојде навечер и ќе ти го гризне вратот? Или ако му кажеш дека Арсен Венгер ќе потпише за Арсенал на уште 10 години? Реакцијата им е врв. 

Не е до лажните вести, до медиумите е

Наративот кој следуваше и стана општоприфатен по неочекуваната победа на Трамп на изборите 2016 е дека таа се должи на лажните вести, во добар дел создадени од руски извори, а разгласени и раширени од Фејсбук и Твитер, беа прегледани милиони пати од делот на гласачите кои сакаа да чујат за недоверливоста и одбивноста на Хилари Клинтон. Ваквата смеса потоа само беше распламтувана од новинските сајтови на алт-десницата, во голем дел благодарејќи на информативните балони во кои Американците успеаа да се затворат.

Машинеријата на Трамп за дробење медиуми и затупување мозоци

Трамп има разработено процедура од пет чекори за манипулирање, преземање и доминација врз социјалните и регуларните медиуми. Како и сите добри работи од Трамп, и оваа почнува со Твитер.

Експериментот на Фејсбук со лажни вести не успеа

Во обид на кој упадливи му се само слабите страни, Фејсбук сакаше да го реши проблемот со лажни вести така што под секој пост први ќе ги реди коментарите што во себе ја содржат фразата „fake news“.

Не е до лажните вести, туку е до селективните факти

Пример, за време на минатите претседателски избори во САД, аргументот на едната страна е дека мигрантите ја прават земјата подобро и поинклузивно место, аргументот на другата страна е дека тие ги уништуваат културните вредности врз кои САД е изградена. И двете страни имаат факти за да ја поддржат својата приказна.

Проверувачи на факти на Фејсбук, како тоа пи-ар звучи

По година и кусур пумпање на приказната Хилари изгуби заради неспособноста на Фејсбук да се справи со ботови и неброени патувања на американски новинари до Велес само за да се вратат со истата сторија (пост-комунизам, млади деца, сиромашни родители...), при последниот масакр во САД сите анти-бот / њуз механизми воведени од Фејсбук во овој период дозволија за кратко време мрежата да биде преплавена од лажни вести, кои тврдеа дека убиецот е од крајно левичарска организација. Од нив само еден пост беше споделен над 260.000 пати.

Кампањата на ЦИА со лажни вести

Американски професор по историја во Њујорк тајмс ги потсетува Американците дека беспоштедната политичка пропаганда не е измислица на злите Руси. ЦИА во 50-тите години за истата цел го создава Радио Слободна Европа, станица која само за реклами добива медиумски простор од две милијарди долари.  

Зошто лажните вести толку брзо се шират на Фејсбук

Прво, самите социјални мрежи се така склопени што овозможуваат вирално ширење лажни вести. Второ, луѓето што работат на ширење лажни вести одлично си ја знаат работата (несебично помогнати од самите социјални мрежи).

Приказната за македонската фабрика за лажни вести

Како што западните медиуми без џвакање ја проголтаа приказната за македонски тинејџери кои со своите лажни вести им го изместиле текот на изборите, животот, историјата, така се редеа и новинарските падобранци во Велес кои речиси униформно во претставувањето на градот и престапниците го користеа комплетниот список стереотипи на тема сиромашен пост-социјалистички источноевропски град.

Допрва има да се нагледаме лажни вести

Во целата гужва по изборот на Трамп, и кој сè им е крив на Демократите за неговата победа, во американските медиумите се појави Франсоаз Арди, француска пејачка од крајот на 1960-те, која ни крива ни должна беше претставена како следниот чекор во еволуцијата на тоа како сè Велешани можат да и наштетат на американската империја.

Презирот од Трамп само ги помага "лажните вести"

Ако нешто до сега му успеа на Трамп, наспроти неговата желба, тоа е да ги спаси и да ги извади од проблеми своите најголемите душмани во САД - големите медиумски куќи.

Aстрологот кој помогнал да се победи Хитлер

Интересна приказна за писател, по хоби астролог, кој станува продолжена рака на британското разузнавање. Неговите „предвидувања“ всушност имаат за цел не да прорекуваат, туку да ги предизвикуваат настаните. Кој знае колку такви астролози има меѓу нас денес.