Таг: ламборџини

И Шкода и Ламборџини на паркинг се исто брзи

Дечко од Белград (или барем со БГ таблички) инаку новокомпониран сопственик на Ламборџини дава предизвик до целосната белградска полиција ако може да го фати со нејзините Шкоди што ги возат (и тоа не вака фино), па дури и кани „пандури“ да дојдат „да им....“

Ламборџинија, Поршиња и Аудија горат сред Атлантски океан

Во близина на азорскиот брег се случува непланиран викиншки погреб за илјадници возила, меѓу кои и луксузни примероци од горенаведените брендови, откако избувна пожар во товарен брод што вози за Фолксваген.

Ламборгини, речиси распродадено за 2021

Олеснувањето на пандемијата довело до чувство на слободно трошење кај муштериите на Ламборгини кои со месеци биле заглавени во своите палати, па веќе во јуни компанијата го има продадено речиси целото производство за годинава.

Баба ко баба, со Ламборџини во гаража

По неуспешен бизнис кон крајот на 80-те со рент-а-кар за луксузни автомобили, сега веќе починатиот дедо / татко / сопруг решава да задржи два од автомобилите што ги изнајмувал: Ламборџини Кунташ и Ферари 308. Над 20 години заборавени во гаража што протекува, автомобилите повторно ги открива внукот на оригиналниот сопственик кога оди на гости кај баба му.

Претседателот на Рома е асли цар

Маркетинг службата организира квиз со прашања. Гости: газдата на Рома, Џејмс Палота, Американец со италијанско потекло, стоперот од Грција Костас Манолас и вундеркиндот Џастин Клајверт, син на легендарниот Патрик. Во еден момент паѓа муабет за тоа колку гола треба да дадат за претседателот да им купи ново Ламборгини. Комедија.

Lamborghini Urus

Џипот на Ламборџини од 200.000 долари со 641 коњска сила.

Правила и богати

Ако треба во едно видео да го сведеш избегнувањето данок од ултра богатите мултинационални гиганти, ова е тоа.

Што е 18-годишен Србин без Ламборџини?

Жената, инаку мајка на славеникот, Валентино, многу ненамерно на крај дава многу точна опсервација околу целата работа: "Oва се случува само еднаш во животот - ваков автомобил и вакво семејство."

Ламборџини на тесно

Видеово е 54 секунди. Во него има едно здраво Ламборџини, кое во рок од оваа минута ќе се претвори во слупано Ламборџини. Без разлика како ви звучи, клипот е преполн со тензија.

Газда стигна Ламборџинито

Ламборџини Венено е ултра ексклузивна серија на Ламборџини која е произведена во 3 примероци. Цената му е 3,12 милиони евра и вака изгледаше испораката на еден од трите автомобили во Мајами.

 

Јакузата и неговото неонско Ламборџини

Неколку години Лук Хаксман снима кратки документарци низ Јапонија, откако пред 6 години пристигнува во земјата без да знае јапонски или да прави филмови. Сега решава да им се посвети на момци од јакузата и нивните супер автомобили.

Тендер за возила Дубаи стил

Полицијата од Дубаи, успеа за помалку од 3 секунди да стане најзакон полиција во светот. Луѓето решија да го обноват возниот парк.