Таг: квалификации за еп 2018

Одиме на Европско 2018, Македонија сјајна против Чешка

Во последното коло од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска, Кире Лазаров и другарите ја преслушаа Чешка и обезбедија учество на петтото Европско првенство а четврто по ред.

Македонија го одбра потешкиот пат до Европско

Најдобрите македонски ракометари прокоцкаа предност од 4 гола во вториот дел и со реми се враќаат дома. Шансата за пласман на Европско ќе ја бараат со стариот познаник Чешка во последното коло, во Скопје.

Тесен пораз на Македонија

Македонската ракометна репрезентација не успеа да собере целосен плен од двомечот со Исланд во квалификацискиот циклус за ЕП 2018. Борко Ристоски повторно бранеше фантастично, но одбраната овој пат потфрли и прими 30 погодоци.

Важна победа за Македонија, Исланд совладан во Скопје

Во третото коло од квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, ракометарите на Македонија ги победија „рибарите“ од Исланд 30-25 (15-13) и се на добар пат кон ЕП.

Бедно издание на Македонија во Плзен

Македонската ракометна репрезентација претрпе висок пораз во второто квалификациско коло за Европското првенство во Хрватска 2018-та. Едно реми и четири порази на Македонија на досегашните гостувања против Чешка.

Македонија тргна победнички на патот кон Европско

Најдобрите македонски ракометари успешно ги започнаа квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, иако вечерва потешко од очекувањата славеа над аутсајдерот Украина 27:21 (13:10).

Преку Исланд, Чешка и Украина до ЕП 2018

Македонската ракометна репрезентација ги дозна противниците за квалификациите на Европското првенство кое се игра во Хрватска во 2018 година.