Таг: култ

Племињата кои чекаат да пристигне „товарот“ на белиот човек

Се нарекуваат „карго“ култови и се состојат од верувања на изолирани островски култури дека со изведување ритуали може да се поттикне технолошки поразвиено општество и да се добијат потребни материјални нешта кои би им го олеснило животот. „Каргото“ може да биде и во форма на мистичен бел пророк.

Зошто просечни книги и филмови некогаш стануваат култни?

Грофот Монте Кристо е еден од највозбудливите романи на сите времиња. Истовремено, тој е еден од најлошо напишаните романи на сите времиња“, вели Еко, обидувајќи се да открие од каде произлегува овој јаз.

Како меѓу навивачите е создаден култот за брендот Stone Island?

Stone Island е дел од фудбалската култура уште од средината на ’80-те, кога англиските фудбалски навивачи го носеле овој бренд од Италија и Франција.

Исламистичката секс секта која го поддржува Ердоган

Натенане да се прошетаме низ дречавиот и надреален свет на еден турски секс култ кој е тешка постмодерна: кога не сонуваат за обновување на Отоманската империја, трепкаат со вештачки трепки, праќаат книги по светот, и си играат со кокаин и секс. А во Ердоган го гледаат клучниот лик кој треба Турција  да ја направи модерна и религиозна.

Зошто 30.000 Руси се имаат придружено на јапонски култ?

Руската полиција извршила претрес во 25 домови и храмови во Москва и Ст. Петерсбург, и уапсила луѓе поврзани со озлогласениот култ Аум Шинрикјо. Тоа е онаа група која стана позната откако изврши напад со смртоносниот нервен гас сарин во токиското метро, кога беа убени 13 луѓе, а илјадници имаа здравствени проблеми заради неговите ефекти.

Белгија ја гони Скиентологијата

Белгија го подготвува досега најсериозниот удар врз скиентолозите. Тие цели 15 години се борат државата да не ги стигматизира како култ, а таа во меѓувреме собрала доволно докази да ја гони како криминална организација.