Таг: критика

Балетски директор суспендиран откако измачкал критичарка со кучешко гомно

Вест што нè освежи: изнервиран од лоша рецензија на неговата најнова претстава, директор на балетски ансамбл на германска опера му го намачкал лицето на авторот на истата со содржина на хартиена ќесичка, од оние за собирање кучешки измет.

За академската мастурбација (буквално)

„Долго време се сомневав дека академското издаваштво не е заинтересирано за промовирање на најдобрите истражувања, направени од најдобрите и најумните мислители. Наместо тоа, тоа сега се состои од пријатели, колеги, подлизурковци и ласкавци, кои меѓусебно си ги чешаат за да добијат напредување или нови позиции“ - без влакна на академскиот јазик вака пишува Лиза МекКензи, британски етнограф и анархист, која се потпишува како „професор од работничката класа“.

25 години подоцна: „Аферата Сокал“ најави морничава иднина

Во 1996 професор по физика објавува тотално бесмислен текст во водечко списание за постмодерни студии. Од сегашна перспектива тоа е најдобрата епизода на „царот е гол“ во модерната интелектуална историја. Но, за жал, и визионерско предвидување на она што се случува денес, по две и пол децении.

Како Ковид ја уби(ва) критиката?

Пандемијата наметна потреба од меѓучовечка солидарност и љубезност. Но ова влијаеше глобално на театарските, филмските и книжевните критики, кои станаа по меки и по „со разбирање“. Дали ова ќе остане тренд?

Библиотекарот кој го исмеа премиерот

Приказната е од Британија и се однесува на непознат сторител (веројатно библиотекар) и нивниот премиер. А за ова да успее кај нас треба да биде исполнет еден неверојатен услов. Да има барем еден политичар кој би се нашол пред полица полна книги (макети полнети со стиропор како за саем на мебел не се важат). 

Научниците си ги ♥ своите емоџиња

Вклучувањето на сликички од областа на науката во оние кои можат да се користат во онлајн пораки и постови би требало да е добра вест. Е, ама со научниците сè мора да е малку комплицирано.

Најострите книжевни критики во 2019

Некаде тие се сфаќаат како ритуални „пуштања крв“ за да се задоволат книжевните божества, и за да се гарантира добра книжевна жетва во годината која доаѓа. Кај нас не се сеќаваме да сме прочитале негативна критика за книга (фејсбук постови не се бројат), а и да имало сигурно била сфатена лично, како конкурентска злоба или некаква одмазда. Да видиме како изгледа тоа во други контексти.

Зошто музеј во Амстердам ќе престане да го користи терминот „холандско златно доба“?

Во 17 век Холандската република станала светска сила, а нејзината просперитетна економија придонела за процут на уметноста и културата. Тоа било ера на еден Спиноза и Хигенс, на Рембрант и Вермер, која историчарите долго време ја нарекуваа „златно доба“ на земјата. Но еден холандски музеј реши да престане со оваа практика.

Најкратката филмска критика на сите времиња

Дури и во далечната 1948, еден филмски критичар се заморил од повторливите филмски заплети, за кои не знаел веќе што да напише. Ама за еден филм самото му се кажало. Тој антологиски осврт сега е влезен во Гинисовата книга на рекорди, поради својата краткост.

Со која рака политичарите си го бришат газот?

Британски професор по психологија како зафрканција сака да тестира теорија дека политичарите од десницата си го бришат газот со лева рака, а оние од левицата со десна. Едно „предаторско“ научно списание навистина го објавува текстот, кој можеби и не е такво срање какво што изгледа.

Зошто Лукаку веќе не ги прославува головите?

На „Олд Трафорд“ никогаш не е досадно. Последна интрига која ги „закача“ навивачите е зошто центарфорот на белгиската репрезентација не ги слави головите ниту со соиграчите ниту со навивачите.

Како љубезно да критикуваш

Артур Мартин своевремено препорачува „во несогласувањето околу моралните и научните прашања, гледај целта да ти биде да дојдеш до вистината, а не да го поразиш противникот. Така, никогаш нема да загубиш расправа, само ќе стекнеш ново откритие.“ Има и еден друг пристап.

Маркер-поезија како коментар на нашите мракови

Пред некое време пишувавме за поетска форма позната како „блекаут“ или редактирана поезија, која се создава од поестоечки текст со бришење/покривање на одредени зборови, по што тој добива нова смисла. Повикавме да ни испратите свои, базирани на локални теми и текстови. Еве го победникот.

Шерлок и критиките во стихови

На 1 јануари излезе првата епизода од четвртата сезона на „Шерлок“ која фановите (=ние) долго време ја очекуваа. Критиката не е воодушевена, ама и aвторот знае како да врати.

Уметникот е на шоља

Лиса Леви е сликарка, концептуален уметник, комичарка и самопрогласен психотерапевт. Нејзиниот најнов проект - седење два дена на клозетска шоља, како форма на протест против сето срање во современата уметност.

Најдобри книжевни критики на 2015

Годинава што изминува ќе биде запаметена не по поединечни осврти на дела, туку по многу пофундаментална критика на „белоцентризмот" и на медиокритетите во книжевноста и во издаваштвото.

Првиот роман на Морисеј не го бива

Спортисти што убиваат некаков демон, а тој потоа ги истребува еден по еден - книгата на познатиот пејач има само 128 страници, но изгледа е тенка и по содржина. Критичарите сепак имаат и поживописни епитети за неговото дебитантско дело.

Со секира по нов театар

Режисер на претстава која игра во новоизградена сала од 35 милиони евра во Манчестер бил изнервиран од лошите критики за неговата претстава. Зел секира од театарските реквизити и почнал да мава по ѕидовите и ентериерот. Директорот на институцијата потоа најсмирено му ја испратил сметката.

Магична македонска мистерија

Има една „олд скул" изрека - ако мразиш некого, пофали го. Затоа следново нема да биде пофалба, туку критика.

Критика во Ролинг Стоун од 1968 за првиот албум на Коен

Eден ден по неговиот 80-ти роденден, и два дена пред официјалното излегување на новиот албум кого веќе го излижавме од преслушување, рецензија за првиот албум на Коен, од далечната 1968. Не знаеме што прави во моментов извесниот г-дин Шмит, ама сигурно до сега неколку пати си гризнал тастатура.

„Филм 43" (2013)

Ова е еден од оние филмови кои или сосема ќе ве „освежат", или ќе ги прекинете на пола и ќе посакате никогаш да не сте ги гледале. Ние сме од освежените.

Почина „Папата на книжевноста“

Марсел Рајх-Раницки повеќе од половина век беше највлијателниот книжевен критичар во германското говорно подрачје. Писателите му се плашеа, а читателите го обожаваа, особено кога се сликаше како кине книга која не му се допаѓа.

Во името на Отецот, Синот и светиот Лајк

Холандскиот уметник под псевдоним Дадара и неговите соработници велат дека „лајкот" е религија. Не, не метафорично. Ваистина.

Боно, ѓубрето

Знам неколку души што ќе бидат воодушевени од текстов, затоа што истото она што тие цело време го зборуваат за Боно сега излегува од перото на Тери Иглтон, еден од најгласните британски литературни критичари и коментатори на современата култура.