Таг: кременадла

ЧИА си, на кого џабе радости му носиш?

Чиа семето во последно време е една од најголемите ѕвезди на здравата и фенси исхрана. До толку е станато популарно што пред некој ден шокирани слушнавме двајца најнаши луѓе, довчерашни хедонистички соборци, како си зборат дека едниов користел чиа, а другиов ленено семе. Џизс! Па така малку да им го сјебеме ентузијазмот.

Сакате кременадли? Не така!

Кременадлата е боговско парче месо, честопати подобра и од поскапите делови на благородното животно свињата. Коска, месо и мрсно, хармоничен триумвират на кој тешко му се одолева. Кременадлата е едноставна  за подготувавње како хаику. Ама можеш уште полесно да ја утнеш работата па таа да испадне или ѓон или ѓон. Еве на што најчесто се греши.