Таг: конгрес

На Пентагон не му се зборува за убиените цивили во Нигерија

Конгресот му даде рок од 90 дена на Пентагон да ги обелодени деталите и резултатите од истрагата нападот на бегалски камп во Нигерија во 2017-та година, во кој загинаа 160 цивили. Рокот помина пред две недели, Пентагон ни да зуцне.

Америка треба да излезе од НАТО за да стави крај на војната во Украина

Конгресот може да стави крај на војната во Украина и да добие Нобелова награда за мир со започнување на повлекувањето на САД од НАТО, со што ќе ја трансформира Алијансата од моќен офанзивен даб во мал желад кој не ја вознемирува Русија.

Венгер: октомври да биде месец само за репрезентативен фудбал

Откако ФИФА решила да направи студија на изводливост и потенцијли и последици од евентуални реформи за Светско првенство на секои 2 години, денес од состанокот во Доха стигнаа и нови идеи.

На ИТ на Конгресот му се темни после упадот

Искршената опрема во Конгресот и не е некој проблем бидејќи сигурно е прописно осигурена па ќе се замени без поголем трошок. Тоа што е проблем, е што никој нема поим дали и колку комплетната ИТ инфраструктура на американскиот Конгрес е компромитирана.

Па и ние некад да се осетиме како господа

„Балканот со загриженост ја следи ситуацијата во Вашингтон“ и слични општопознати рефрени од последиве 30 години.

Седи, куме

Фејсбук има донирано за кампањите на 46 од 55-те членови на конгресниот комитет што следната недела ќе го сослушува Марк Зукерберг околу целото нарушување приватност што го прави неговата платформа.

Што пол е Гарфилд?

Пред некое време пишувавме за едно битно филозофско прашање - дали јафа е бисквит или колаче. Еве уште едно такво: дали Гарфилд е машко,  женско, или нешто трето? Да си знае кој пат да го фати на 8ми март.

Си биле два независни експерта

Два експерта сведочат во американскиот Конгрес за тема од медицинската регулатива. Иако комплетно независни еден од друг, доаѓаат со речиси идентични текстови. Како е можно тоа? Просто. Биле платени од исти лобисти.

Демонстранти фрлаа пари кон Блатер на конгресот на ФИФА

На денешниот конгрес на кој Сеп Блатер објави дека на 26. февруари следната година ќе се одржат избори за нов претседател, Швајцарецот беше нападнат од комедијантите Симон Бродкин и Ли Нелсон кои го гаѓаа со долари. Во тој момент тој панично го бараше неговото обезбедување.

Умерени до грло

Барак Обама од Конгресот побара 500 милиони долари за вооружување на :умерената" сиријска опозиција. Тоа што поимот умереност обично не го поврзуваме со вооружување, наш проблем.

„Конгрес“ (2013)

Трето издание на филмскиот клуб, во кој твитерџиите гледаа филм правен по романот на Станислав Лем „Футуролошки конгрес“. Некако имаме впечаток дека мислењата овој пат се поделени по родова линија. Вреди за организирање конгрес на оваа тема. Добро, твитап.

Фора од предизборните

Републиканската партија пушти најмалку 16 сајтови за демократските кандидати за претстојните избори за Конгресот. Одлично средени сајтови за секој од противничките кандидати, се додека не почнеш да читаш што пишува.

На кој Конгресмен ќе се намерачи Бил Мар?

Влијателниот американски либерал, стендап комичар и водител на емисијата Real Time која оди На HBO, си даде задача за оваа година - да избрка некого од Конгресот.

Колку исклучоци прават правило?

Барак Обама уверуваше дека сите прислушувања на НСА откриени од Сноуден се воделе според законите и стриктните процедури. Самата НСА инсистираше дека остапувањата од прописите се безначајни и се должат главно на компјутерски грешки. Да зумираме во бројките.