Таг: книжарница

Книжарницата отворена 24 часа каде се плаќа „на доверба“

Велшкото гратче Хај-он-Вај е преполно со прекрасни книжарници со изданија од втора рака и затоа е прогласено за Светски град на книгите. Помеѓу бројните книжарници, една се издвојува и по работното време, и по принципот на наплата.

Била одгледувач на свињи, морнар, коцкар. Сега продава книги на крајот на светот

Рут Шо (75) имала бурен живот, кој вклучува пирати, свињи, психијатриски болници и сексуална работа. Сето ова сега го раскажува во нов мемоар под наслов „Продавачката на книги на крајот на светот“.

Њујоршката книжарница што доби 25.000 нарачки откако испрати апел за помош

Стренд е независна книжарница која како и голем број други бизниси во текот на пандемијата едвај спојуваше крај со крај, и покрај долгата традиција од скоро еден век. Но затоа се тука нејзините верни читатели да помогнат во тешки времиња.

Книжарница во Тајван во која купувачите се во темница

Мотото на книжарницата е „читање на (или со) душа“, а влезот е означен со традиционално платно кое се поставува при смртен случај. Ова е метафора за посетителите да се ослободат од нештата кои ги мачат во секојдневниот живот. Во неа можат да влезат оние над 18 години, бидејќи содржи книги кои често се на сензитивни или еротски теми.

Се прекрстил Портсмут, има 60 тетоважи за клубот и држи легендарна книжарница

Ова е приказна за фудбал ама е поврзана и со книги и покажува дека стадионската врева има иста драж како и книжевната тишина.

Пиење и книги

На денот кога го оддржуваме деветото издание на „Јадење книги“ си велиме, да не згрешивме ние со хранава?

Книжарница во која работи волк (и излегува на крај со невозможни муштерии)

Без оглед дали продаваат облека, цвеќиња или козметика, продавачите знаат дека постојат тешки муштерии, кои имаат невозможни барања или кои не знаат што сакаат. Една таква продавачка на книги почнала да црта стрип во кој се замислува како волк.

Крвав епилог на македонска свадба

Книжарница во Далас се сетила како да натера луѓе да читаат класични романи - ја претворила нивната содржина во лажни вести. Како нашиов наслов на кој можеби кликнавте не очекувајќи го Чернодрински.

Лондонска книжарница ви нуди бесплатни книги до крајот на животот

Британските книжарници постојано измислуваат начини да го привлечат вниманието и да останат во комерцијална игра. Еве уште една нова идеја.

Книжарницата што нуди само еден наслов

„Книгите се духовно богатство" е точна констатација, сè додека не ти е потребен простор кадешто ќе ги складираш и изложиш. Тогаш книгите знаат да станат товар, и ова добро го знаат оние чиј книжарски простор е претесен за да прими повеќе од неколку примероци од еден наслов. Но еве начин како тоа би можело да се реши.

Амазон отвори „физичка" книжарница

Да ни кажеше некој пред десетина години дека ќе правиме разлика меѓу физички и не-физички продавници ќе му речевме да намали со читањето научна фантастика. Ете сега доживуваме вест на денот да е отварање една сосема обична, да не речеме нормална книжарница.

Купување книги на доверба

На плоштад во кинескиот град Нанџинг се одвива необичен експеримент: книжарница на отворено, без продавач, само со кутија во која ги оставате парите.

Целовечерно читање во Таипеи

Една книжарница во главниот град на Тајван стана туристичка атракција и омилено место за излегување на локалците откако почна да работи 24 часа, и да дозволува луѓето да читаат, без да мора да купат.

Последната книжарница

Во некоја неодредена, книжевно пост-апокалиптична иднина, книги веќе не постојат. Ни на хартија, ни електронски. Тогаш едно дете открива што значи да читаш, и самиот дa замислуваш и чувствуваш.

Доверба, колку тоа трогателно звучи

Опен сорс проект за секоја почит. Се прашуваме што би се случило доколку би овозможиле ваква слобода на избор („кога продавницата не работи слободно позајмете книга или платете ми подоцна") во некоја од нашите книжарници.