Таг: клеш

Дали Џо Страмер навистина трчал маратон?

Спортот изгледа како нешто кое не може да биде поспротивно од панкот, и како идеја и како практика. Дисциплината и физичката подготвеност која ја подразбира трчањето маратон, пак, никако не ни одат нога пред нога со ликот и делото на Џо Страмер. А можеби цело време тука некој лажел.

Како ја правевме "London Calling"

1979-та, панкот е во полна сила. Клеш во него вбризгуваат реге, рокабили и соул и излегуваат со "London Calling". Насловната песна станува една од највлијателните ангажирани политички химни на сите времиња. А не била мотивирана од политиката туку од - стравот од поплава.