Таг: кинези

Шестмината Кинези кои го преживеале Титаник

Кога луксузниот британски патнички брод потонал во Атлантскиот океан во април 1912, илјадници луѓе се нашле во студените води. Но она што вообичаено пропуштаат да го спомнат сериите, филмовите и мејнстрим историјата за овој настан, е дека катастрофата ја преживеале шестмина млади Кинези, за кои сега е снимен нов документарец.

Оди па укради им го мемево на Кинезите

Главен проблем со изведбата е што ти се потребни 4 генерации од твоето семејство и тоа сите од ист род. Па ако си машко, освен ти, потребен е татко ти, дедо ти и прадедо ти (или кои и да се другите тројца во зависност од твојата позиција во семејното дрво).

Ако се туристи само да не се кинески

Ги има во сите големини, форми и лоши табиети, и тоа доволно лоши табиети за кинеската влада да се загрижи како тоа нејзините луѓе се однесуваат надвор од земјата. И овој пат кинеската влада не претерува.

Остави Кинез да изрезили цела фотографска фела (и да и симне цена)

Истото што го прават со секоја можна индустрија, кинескиов фотограф им го прави на сите свои колеги низ светот. Сите оние моќни ефекти пред кои сме беспомошни како публика, овој пат добиени по принцип „направи сам“, без компјутерски магии и илајдници долари вредни роботски раце.

Ако баш мора да одите во Америка, со памет

Кинеските власти ги предупредуваат своите сограѓани кои планираат да патуваат во САД на двете најголеми зла во земјата: чести вооружени престрелки и огромни сметки за лекување, а и со тоа цариниците нема разбирање.

Кинезите забранија тетоважи во репрезентација

Владата на најмногубројната земја на светот издала налог со четири принципи за високо-морално однесување во јавност. Ќе се црташ по раце и нозе ама ќе носиш долги ракави и завои.

Животот е кинески другар

Имаш човек што мисли дека знае магија и што мисли дека има другар. Греши и за двете работи.

Чадорот не беше даровен

Првиот 3-месечен извештај покажа дека Кинезите не се спремни за стартап за споделување чадори. Конкретно не се спремни да ги вратат чадорите што ги земале.

Прави сине клик-фарма, за да не се мачиш како мене

Во Тајланд се уапсени тројца мажи, Кинези, за отворање и работење на клик-фарма со над 340.000 СИМ картички и 450 Ајфони.

Милан го купија Кинези, заврши ерата на Берлускони

По неколку месеци стани-пани, Кинезите и Силвио Берлускони го склопија договорот со кој легендарниот ’Берлуска’ заминува од институцијата која што ја направи славна и трофејна. Со него заминува и Галијани.

Што е попродуктивно од Кинез?

Кинез со армија роботи. И за идни референци, вака изгледа крајот на човечката работна сила. Таман мислиш ќе се уморат, они сами одат да се закачат на полнач.

Канцелариите на Кинезите кои го купуваат Милан не постојат

Италијанско-кинеската зделка за седумкратниот Европски првак стана шпанска серија и како стојат работиве на крај ништо чудно Берлускони да остане газда на Милан.

Комедијата со Кинезите во Милан

Стефано Корти и Алесандро Онис се комичари на кои им дошло преку глава од тетеравењето на Берлускони со продажбата на Милан на кинеските милијардери, па решиле да направат мала рапсодија. Наоѓаат Кинези кои во Милано работат како и секој просечен Кинез, ги дотеруваат во одела и во луксузни џипови ги носат до Миланело па до Сан Сиро за да се запознаат со клубот и управата. Најјак момент е кога еден од обезбедувањето им вика: “Сега ќе се јавам кај г-ѓа Барбара Берлускони и кај Галијани“.

Лекција за изведување корнери од 10 годишни деца

Ќе речеш 10 години имаат и не знаат ништо освен да играат и да се бркаат низ маало, ама не било така. На Шангај У10 уште сега им работат мозоците за правење итри и модерни потези во фудбалот кои носат резултат.

Малдини ќе се врати во Милан само под еден услов

Еден од најголемите капитени во историјата на фудбалот, Паоло Малдини сè уште не донел конечна одлука дали ќе ја прифати понудата на Кинезите кои го купија Милан, да влезе во спортскиот сектор на тимот кој неколку години не знае каде тера.

Кинезите фалсификувале документ за акциите во Милан?

Малер до малер го следи славниот Милан. Таман кога навивачите се израдуваа на веста дека Кинези го купија клубот и дека конечно ќе може со ќејф да одат на стадион и да гледаат фудбалери, а не дрва, нов потрес го фати клубот од улицата Дурати во Милано.

Играј Дота сине и направи милиони

Дека гејмингот е сериозна заебанција пишувавме лани кога наградниот фонд беше 18 милиони долари а победниците заминаа со 6,6 милиони. Годинава во финалето учествуваше и нашиот Мартин Саздов од Свети Николе, а наградниот фонд беше повеќе од 20 милиони долари.

Пазарот на црно ги окупираше редовите за Ајфон 6

Како што е редот, секоја година фановите на Епл на 2 - 3 дена пред премиерата на телефонот почнуваат да се редат пред продавниците. Годинава (барем во Њујорк) редовите беа преплавени од Кинези, претежно луѓе во години, секој купуваше по 2 телефона и секој плаќаше во готовина.

Глобална инвазија од Кинези

Само во првата половина од 2012-та, 39 милиони Кинези патувале надвор од својата татковина. Што е отприлика како цела Полска да остане празна во рок од 6 месеци.