Таг: килиан мбапè

Ах да ти е Сер Алекс Фергусон

Германскиот тренер на клупата на ПСЖ, Томас Тухел од коло во коло има мака со некоја од размазените ѕвезди во екипата. Има преку 15-20 одлични фудбалери и не знае за кој да се реши да игра попрво. Така на мечот ПСЖ - Монпеље (5:0) го извади Мбапе од игра со цел да го одмори и сочува за тоа што ги чека во Лига на шампиони, ама овој се налути па Тухел почна да му се правда.

Мбапе си поигра со руската одбрана

Домаќините на Мундијалот кој стартува за два и пол месеци загубија 1:3 од Франција. Двоен стрелец на мечот кој се играше во Санкт Петербург беше ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе кој прво многу лесно го измами својот чувар, а потоа ја шутна на местото за кое се вели дека два се брои голот.

На 18 години ниту Анри не беше толку добар колку Мбапе

Штом во прв тим нема место за еден Ди Марија, тогаш повеќе од јасно е дека нападот на ПСЖ е боли глава. Го смачкаа Селтик со 5 парчиња на гости, а главен на терен беше малиот од 180 милиони кој израмни рекорд и постави нов.

Забеганото трошење пари за фудбалери e стварно забегано

Можеби 222 милиони евра за еден играч или 400 за двајца, за некого е релативна работа дали е многу или не. Ама не, ние сепак стоиме на ставот дека се претера, а во прилог ни оди и едно истражување на релевантна институација која вели дека фудбалерите се преплатени.

Зошто Мбапе прејде во ПСЖ а не во Реал Мадрид

Еден од најскапите трансфери во историјата на фудбалот го направи тинејџерот кој од Монако премина во ПСЖ на позајмица со право на откуп од 180 милиони евра за да не се прекрши фер плејот на ФИФА и УЕФА.

Мбапе има да ви каже нешто

Кој ќе го купи детево, само ќе се усреќи. Сезонава е најголем хит меѓу тинејџерите во Европа, а неговиот Монако е се поблиску до освојувањето на титулата во Франција. Килиан Мбапе во улогата ајде по бурек и цигари и тоа на 18 години.

Некогаш го гледаа Анри од двосед, сега ќе го гледаат синот од ложа

Килијан Мбапе, наследникот на легендарниот Тиери Анри има толку сличности со неговиот идол поради што навивачите на Монако веруваат дека вечерва ќе се повтори она што го направи легендарниот „Тити“ пред 19 години против Јувентус.

Кога се роди Мбапе, Буфон го запиша својот 108-ми настап

Јувентус ќе игра против Монако во полуфиналето од ЛШ, а Буфон ќе го брани голот од Мбапе. Според возраста тоа ќе му дојде како да играат татко против син. Џиџи има 39 години, а Калиан 18. Денот кога се роди малиов, се играше дуелот Емполи - Парма 3:5 на кој Буфон го оствари својот 108-ми настап за Млекарите.

Килиан Мбапè - Наследникот на Анри што ја воодушеви Европа

И покрај тоа што го барале најголемите европски клубови, родителите на малиот Килиан решиле дека најдобро за него е да остане во земјата затоа што било прерано да замине во странство и го одбиле Зинедин Зидан за во Реал Мадрид.