Една од пооткачените теми на дипломска за кои сме слушнале кај нас се однесува на брзината на слегнување пена кај разни видови пиво. Слично на ова, и студијата за начинот на кој влијаат различни жанрови врз вкус на млечни производи може да се кандидира за овогодишниот Иг Нобел.
Се вика „20 парчиња“, дело е на уметник од Њујорк, и е точно она што го најавува нејзиниот наслов - тенко исечени парчиња кашкавал, онакви ко за на пица или за во сендвич. Навреда за книгите или добра финта?
Чиа семето во последно време е една од најголемите ѕвезди на здравата и фенси исхрана. До толку е станато популарно што пред некој ден шокирани слушнавме двајца најнаши луѓе, довчерашни хедонистички соборци, како си зборат дека едниов користел чиа, а другиов ленено семе. Џизс! Па така малку да им го сјебеме ентузијазмот.
Една ретка заедничка особина на диетите што ги познаваме (значи, сме читале за нив и сме си се излажале дека некогаш ќе ги пробаме) е дека кај сите се исклучени сирењата, кашкавалите, кајмаците и слични млечни оргазми. Е, па, драгичка.
Францускиот кашкавал Бофорт досега беше повеќе познат по извонредниот вкус и деликатната структура отколку по неговата способност да произведува електрична енергија. Но, работите се менуваат.
Италијанците никогаш не се срамеле кога е во прашање изразувањето на кулинарската супериорност, па не е ни изненадување што Пармиџано-Реџано рамнодушно го нарекуваат "неоспорениот крал на сирењата."
Оригиналниот мит за настанувањето на сирењето е дека во еден топол ден пред 9000 години номад трга на патувањe и со себе носи млеко. Кога стига на својата дестинација млекото му е засирено и со тоа се добива првото сирење. Се ова би било во ред кога луѓето во тој период не би биле нетолерантни на лактоза, па не ни помислувале да консумираат млеко.