Таг: јасновидец

За преварантцките работи

Џејмс Ранди е ловец на измамници од типот јасновидци, исцелители, магионичари, луѓе со натприродни моќи и сличен еснаф што заработува на туѓа мака, на кои им нуди 1 милион долари ако можат да го докажат тоа што го тврдат. Веќе 20 години никој ја нема земено наградата. Во еден од обидите маж ги покажа своите моќи вртејќи страни од именик со поглед. Во вториот обид, Ранди му истури пердуви околу именикот и го остави да врти. Човекот се откажа.

Решавање љубовни проблеми со магија, поволно на 3 рати

Не е проблем што женава ангажира гатачка по препорака од интернет форум, ниту тоа што верува дека таа со праќање пасоси од Куранот на арапски ќе и го врати бившиот, веројатно не е ни тоа што ја заклале за 150 евра. Проблем е што кога некој ќе ти каже дека магичниот лист што ти го пратил треба да го чуваш 40 дена под перница, па да го закопаш, и дека тоа далечински ќе му ги прочисти емоциите на саканиот и ќе го натера да ти се врати, на тебе целата работа ти станува матна кога текстот што ти го пратиле не ти е доволно арапски, па се сомневаш дека нема да фати кај тебе. Проблем е и тоа што секој што решавал магии во Србија, кај да е ќе се симне и во Македонија (или барем ќе гостува).

Одбрана од јасновидци

Ако некогаш дојдете во директен контакст со јасновидец, гатач, некој што на кој било начин може да ја предвиди иднината, топло препорачуваме вака да ја испробате неговата вештина.