Таг: исхрана

Велнес-културата ни ги уништува и телата и планетата

И покрај убедувањата што сакаат да ни ги шитнат на Инстаграм, нашите прехранбени избори не се главната причина за климатската криза.

По ново, солта и не била толку лоша

Научна студија рехабилитира еден од трите бели смртни непријатели на човекот (сол, шеќер, бело брашно). Ич сол исто така е штетно по кардиоваскуларниот систем па - според нас - на сила останува старата добра водилка: да посолиш толку колку што треба за да ти е слатко. 

Шампионите на нутриционизмот

По анализирање на над 1.000 различни состојки, научниците прават ранг листа на храната што „обезбедува најдобар баланс на вашите дневни прехранбени потреби.“ Добра вест е што свинска маст е меѓу топ 10 на листава, а брокула и прокељ се на крај. Лоша вест е што свинска маст е единствен производ поврзан со црвено месо.

Како и зошто да јадете како грешник?

Авторот на книгата со овој наслов не е некој „од наша банда“, туку е доктор и директор на американски центар за здравје. Неговиот совет за оние ситуации кога човек се колеба дали да касне нешто за кое мисли дека е штетно гласи: А нели е штетно да си ја мачиш душата?

Гризлијата стануваат вегетаријанци

На почетокот на летото мечките на Аљаска редовно се монтирани покрај реките или во нив, на обилна гозба со лососи. Но, кога од топлото време шумските бобинки ќе созреат порано, ете ги нив по грмушки. Целата приказна и не е толку банална.  

Најсилниот човек на светот и исхраната од 12.000 калории на ден

Брајан Шо е Најсилниот човек на светот во 2011, 2013, 2015 и 2016 (плус еден куп други први места во слични натпреварувања). По неговите зборови: од сè ова кревањето тегови не е најтешкото нешто, јадењето е. Прв оброк, појадок: 1180 калории. До крај на ден треба да ги потепа уште 10.000 калории. И така секој ден.

Македонците (уште само) здравјето ги служи

На глобалниот индекс на здравјето, од 166 земји Македонците го држат 44 место. Не е тоа сјајна позиција но е подобра од рангирањето на повеќето македонски репрезентации.  

Шуќур, им текна за алергиите

Со години родителите се советуваа да не им даваат високо алергенска храна на децата во нивната најмала возраст. Сега почнуваат години во кои ќе се советуваат да го прават комплетно обратното. Ќе се најде ли лек за шизофреничноста на науката?

Зошто е лошо мрсното? Затоа што така кажа шеќерот

Приказна за тоа како шеќерната индустрија пред половина век ја префрли вината врз мастите. Како? Со пари. Кој ја изведе дубарата? Науката.

Сив лосос со боја на лосос

Бојата на лососот се опишува како „портокалесто-розова" и е толку специфична што постоjaт и кармини со „лосос боја". Иако тоа навистина е бојата на месото од див лосос, онаа на лососот растен во мрестилиште е - сива. Или барем би требало да биде таква, доколку одгледувачите на лосос не замешуваат пелети кои „орозевуваат" во вештачката храна на сиротата риба.

Како мастите ни станаа непријател?

Здравствена пресуда за мрсното изгледа лесна за донесување: ем има доста калории ем има холестерол кој ти прави проблеми со срцето па умираш порано отколку што си се надевал. Но, дали е баш така?

Темната страна на кокосот

Тој што е за јадење и пиење е ок, ама оној што ви мириса кога сте на полна плажа, не баш.

Раката е мерка на задоволството

Димензиите на вашето секојдневно хедонистичко уживање во убавините на овој живот се наоѓаат во вашата дланка. Не, сепак не зборуваме за тоа.

Зошто децата не сакаат зеленчук

Одбивноста кон зеленчукот кај најмладите можеби се должи на природниот инстинкт за преживување.

Со несоленото се претера

Заедно со шеќерот и белото брашно, солта е еден од трите бели убијци од кои има уплав западниот човек опседнат со своето здрaвје. Сериозно истражување на авторитетни експерти од САД покажало дека главниот ефект кој се постигнува со избегнувањето на солта е тоа што - јадењето е блуткаво.

Тајната на успехот за спортистите

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја претстави листата со јадења која треба да им биде приоритет на фудбалерите. Режимот на исхрана не смее да биде занемарен во патот на успехот кој го посакува секој професионален играч.

Културна историја на јадење коњско

Мојот прв и последен пат свесно јадење коњско месо се случи во монголски ресторан во Виена. Си бираш од изложените парчиња речиси флуоресцентно црвено месо, и ти го подготвуваат пред тебе, дур ти доаѓа слика од сите коњи од детските сликовници.