таг: интерпункција

Koj ви е омилен интерпункциски знак?

Ниту една реченица не е целосна без нив, па сепак тие се земаат здраво за готово. Главно се забележуваат кога не се на вистинското место и во вистинскиот контекст. Нели; Повеќе

Мистериозниот „граматички одмаздник“ од Бристол
Кај нас глава не би кренал од работа

Наречен е „Банкси на интерпункцијата“ - коректор кој доцна ноќе ги средува натписите, рекламите и уличните знаци во неговиот град. По една деценија мистериозност, Би-би-си го откри и го сними. Повеќе

Смртта на точката
Толку. И точка.

Една од најстарите форми на интерпункција добива нов семантички потенцијал - бидејќи не мора да ја има, нејзиното појавување во порака или на чет e знак дека работата е сериозна Повеќе

Интерпункциски соголени книги (и наши текстови)
. , ! ...?

Кога споредуваме книжевни стилови најчесто мислиме на тоа како различните писатели ги користат зборовите. Но она што нивните дела ги прави посебни е и специфичниот начин на којшто секој од нив, свесно или несвесно, користи интерпункција. Ние изгледа сме по запирките. Повеќе

Подароци за љубители на интерпункција (или начин некого да потсетите да ја користи)

Ампресанд како столна лампа? Ако сте по интерпункциските знаци и пишаниот јазик воопшто, или познавате таков и сакате да го израдувате, еве подароци на таа тема. Повеќе

Запирката не ја даваме!
Пофалба на еден знак

Покрај сите нуспојави на интернет по (пишаниот) јазик, една станува прилично очигледна и во македонскиот - сè помалку употребуваме запирки. Еден американски професор вели дека дури и да ја баталиме, тоа нема многу да ни се одрази. Ма, немој. Повеќе

Зошто точката е толку лута?
И толку.

Дали и вам ви се чини дека ако во СМС или на чет некој ви стави точка значи дека ви се лути? Еден навидум сосема обичен интерпункциски знак кој означува крај на реченица изгледа дека полека добива сосема нови димензии. Повеќе

Древни корени на интерпункцијата
Амперсанд и маникул

Пред некое време ви ја претставивме кратката историја на знакот за нов пасус. На ред се уште два - едниот го имате на тастатурата, вториот ќе мора сами да си го нацртате. Повеќе

Осум нови интерпункциски знаци
За да не се разбираме погрешно

A про по потребата од дополнителни интерпункциски знаци за изразување на поливалентните нијанси на напишаното, за што веќе пишувавме, еве уште неколку супер предлози. И забелешка: говорот на телото е очигледно многу попрецизен, дури и кога се ќути. Повеќе