Таг: хонгконг

Зградата од милијарда долари во која никој не сака да живее

Есапот на инвеститорите во Корниш зградата во Хонгконг беше дека ќе вложат 1 милијарда долари, а од продажба на станови ќе извадат 3,8 милијарди долари. За сега, есапот не им излегува.

Анатомија на живот во кутија за чевли

„Кутија за чевли“ е терминот што се користи за кафезите и слични решенија, во кои живеат најсиромашните жители на Хонгконг, околу 220.000 од нив, отприлика помали отколку бокс за куче.

Кафезите на Хонгконг

Тоа што не можеа Британците да го решат, а не можат ни Кинезите да го решат, е колку многу простор му фали на Хонгконг и колку многу луѓе има, па додека тоа не се среди драмата со недвижностите во градот ќе се решава со пари, по метод кој има повеќе.

Ќе ве научиме да ја сакате татковината

Откако во 2019-та се случија веројатно најсериозните протести против Кина откако таа ја презеде власта во Хонгконг, кон крајот на 2021 Бирото за образование на Хонгконг нареди сите градинки, основни и средни училишта, секоја недела да одржуваат церемонија за кревање на знамето, проследена со кинеската државна химна.

Жителите на Хонгконг ќе добијат „илјадарче“ бакшиш од власта

На секој постојан жител на Хонгконг на сметка ќе му легнат по 1.200 долари (10.000 хонгконшки долари) мала пажња од властите, според кои целта на гестот е малку од малку да пркне локалната потрошувачка (а не дека пуштаат рушвет за народ пак да не им протестира).

Во Хонгконг не е само ќотекот проблем

На видео од немирите група полицајци пакува еден демонстрант додека паралелно го обработуваат со пендреци и боксови. Она што според локалците е најстрашно е делот кога му ја покриваат устата додека овој го извикува сопственото име.

А кој тоа рече дека кинеската армија нема да интервенира во Хонгконг?

Народната ослободителна армија има правна основа да интервенира во Хонгконг со цел „зачувување на општествениот поредок“ ако тоа биде побарано од нејзе, гласи ставот на кинеското министерство за одбрана за сите што прашуваа за оваа опција.

Колку би платиле кирија за паркинг место?

Како што е ред за град што руши рекорди со стан продаден за над 70 милиони долари, на ред дојде и да сруши рекорд за најскапо изнајмено паркинг место во светот.

Најскапите станови во Азија продадени за 149 милиони долари

Иако постојано се вртка во светските топ 10 градови со најскапи недвижности, Хонгконг само што ја осигура титулата на ниво на Азија, по продажбата на два стана во една тамошна зграда.

На Хонгконг му снемува место за фрлање ѓубре

Имаш град со 7,4 милиони луѓе (4-ти на свет по густина на население), многу ограничена територија, околу 225 хектари вкупна површина на сите депонии и реколта од 15.000 тони отпад на ден. Во ваква равенка, резултатот е – веќе нема место на депонии.

Не е сè во парите, освен ако не сакаш паркинг во Хонгконг

Едно е недвижностите во форма на стан и куќа да бидат баснословно скапи, сосема друга димензија е паркинг место да чини речиси 670.000 долари.

Ковчезите на Хонгконг

Проблемот со просторот во Хонгконг е што го нема, а и таму кај што го има е премногу, планетарно многу, скап. Во популација со бројност како во Хонгконг ова остава стотици илјади луѓе да живеат во нешто кое со најмногу ласкање би се нарекло - нестандарден објект, локално се води како ковчег, а на прва буквално изгледа како шкаф.

Дали би платил 250.000 долари за стан од 18 квадрати?

Зградата е веќе изградена, и е предвидена за луѓе кои се подготвени да живеат во најмалите можни станови на светот. Микро-становите ќе почнат да се продаваат од 26-ти јули, (а покрај тоа како ви изгледа насловот) се меѓу подостапните домови на пазарот. Локација, едно од најнаселените места на светот - Хонгконг.

Приемен испит Хонг-Конг

Прашањето е од приемен за прво оделение. Идните првооделенци имаат 20 секунди за да го одговорат. Може и вие да се пробате. Бонус факт: во Хонг Конг очигледно имаат приемен испит за прво.

Бразилски ножички во Хонг Конг

И во Хонг Конг видоа во живо атракција со ножички. Делото го стори Полскиот напаѓач Талес Шутц кој е роден во Бразил и кој имаа чест да го видат 690 навивачи.

Аеродромот што стана пристаниште

По речиси 75-години служење како еден од главните аеродроми во градот, во 1998-ма се затвора Хонг Конг Интернешнл. Властите не само што решаваат да не го рушат, туку го чуваат една деценија и вложуваат еден тон пари во објектот.

Старци од кафезите

На хартија, во некој спектакуларно досаден владин или невладин извештај, ова би се водело како покриено и обезбедено живеалиште, со санитарен чвор, струја и греење. Во реалноста, ова се кафези. Не се воопшто ретки и не се никава новост.

Живот во шпајз

Иако Хонг Конг често се појавува во врвот на листите за најдобар град за живеење, тоа ништо не им значи на добар процент од жителите на градот кои живеат во ужасни услови.

Дипломатија, кирија и проститутки

Цената на киријата во Хонгконг е толку порасната што сега дури и на амбасадите (на богати држави) им е поисплатливо да бидат соседи со проститутките и стриптизетите во Хонгконг, отколку да останат во центарот на градот.

Здраво, јас сум Ролекс

Што заради инает кон традицијата, што заради лингвистички фактори, имињата на жителите на Хонг Конг денес на никој не му звучат логично.

Најдобар град за живеење е...

Од десет најдобри градови за живеење на светот, само еден е во Северна Америка, а и тој не е во САД. Ако сакате да живеете во најдобриот град на светот, ќе треба прво да научите кинески.