Таг: Холивуд

Мрачното оригинално сценарио за „Прекрасна жена"

Филмот којшто се смета за антологиски во жанрот романтични холивудски филмови, во првичната верзија не бил ни од далеку таков. Како дошло до тоа мрачен филм за зависничка-проститутка и богаташ-кретен да стане современа бајка?

Порното е пофеминистичко од Холивуд

И пред и позади камерите, порно индустријата е пофеминистичка отколку Холивуд, смета порно ѕвездата со српско потекло Стоја (име одбрано по презимето на баба ѝ, Стојановиќ)

Силните жени се мртви, да живеат комплицираните

Концептот на силни женски карактери последните години беше многу ценет во квалитетната филмска драматургија на Холивуд. Но, работите се менуваат. Тоест комплицираат.  

Зошто Русите секогаш се негативци?

Без разлика од кога гледате холивудски филмови, јасно ви е дека штом се појави Русин, речиси е фикс дека тој ќе биде негативец. Истото им е јасно и на Русите, и ова не им се допаѓа. (Нормално, затоа што се негативци и сакаат сè да расипат.)

Германски тв кошмар за холивудските фаци

Додека некои од нас сè уште не можат да ја од-видат Неда Украден со фаца и говор на телото на Рамштајн од „Твоето лице ми звучи познато", во други контексти дефиницијата на „бизарно" во телевизиските шоуа е за неколку нивоа повисоко. На Германците на пример не им е доволно некој да е маскиран во Тома Здравковиќ, туку треба и да крши ореви со гз.

Платите на Холивуд

Само заради добриот договор Роберт Дауни Јуниор од третиот дел за Ајрон мен заработи 75 милиони долари, инаку кога не е супер-херој обично наплаќа по 15 милиони долари за филм. Ако не ги имаме предвид животните, во Холивуд најслабо платени се асистентите на агентите со 10 до 13 долари на час.

Холивуд го убива Холивуд

Холивуд има ужасна летна сезона и ако вака продолжи за некој месец ќе треба да стави катанец на сите студија. Барем така Холивуд ја доживува целата ситуација.

Македонско лон производство на холивудски ноти

Вредните македонски шивачки не се единствените кои работат за туѓи бели дворови (ако сте ја пропуштиле, читнете ја статијата "Македонската ленка шие за Швајцарци"). Од пред некое време ним им се придружија и македонски симфониски музичари кои од овде ефтино а квалитетно снимаат за Холивуд.

Колку пари троши Холивуд на маркетинг

Во предвид се земени 4 фактори: колку пари заработува студиото, колку пари троши на реклама, колку е моќно на социјални медиуми и колку номинации за Оскар има. Кога ќе ги ставиш сите овие работи на куп, сфаќаш дека никој од тие нема влијание еден на друг.

Во два чекора против холивудскиот сексизам

Таа знае дека во едно општество не можат работите да се сменат преку ноќ но вели дека барем за Холивуд е лесно да ја смени сликата за родовата нерамноправност. Потребни се само два чекора, порачува Џина Дејвис.

„Филм 43" (2013)

Ова е еден од оние филмови кои или сосема ќе ве „освежат", или ќе ги прекинете на пола и ќе посакате никогаш да не сте ги гледале. Ние сме од освежените.

Холивуд убер алес

Меѓу Хитлер и Холивуд постоел сосема солиден пакт и во 30-тите и во 40-те години на минатиот век, открива истражувач од Харвард. Соработката течела беспрекорно иако добар дел од главните луѓе на тогашен Холивуд биле Евреи.

Со парите се претера

Иако повеќе од кој било друг направија Холивуд да се навлече на блокбастери, Стивен Спилберг и Џорџ Лукас сега сметаат дека ваквиот бизнис модел е неодржив.

Лустрација на Вајат Ерп

Вајат Ерп е еден од најиконичните американски делии: ја зема правдата во една, пиштолот во друга рака и оди да го тепа олошот. Сè е тоа фино само што - нема врска.

Неореализам наспроти Холивуд

„Единствениот значаен проблем на филмската уметност сè повеќе станува зошто и како да се почне со снимање на некој кадар, и кога и зошто тој да се прекине", изјавил Жан-Лик Годар, најавувајќи ја ерата на холивудско касапење на филмовите.

Холивудските ѕвезди за човековите права

На 28 август 1963, денот кога Мартин Лутер Кинг го одржал славниот говор „Јас имам сон", во Вашингтон неколкумина холивудски актери се собрале на округла маса. Ова е историска снимка на дискусијата која ја воделе.

Холивудска математика

Филмските студија имаат некоја магична математика по која филмови како Форест Гамп и Хари Потер имаат 0 долари профит, што пак значи дека нема потреба да им плаќаат на актерите.

Не така филмско лето

Холивуд би бил повеќе од среќен кога би можел да му направи комплетен римејк на летото, кое по нивните бројки завршило ужасно лошо.

Апел од Холивуд

Ако сакате да разберете колку добри глумци се НБА играчите, размислете колку добри НБА кошаркари би биле холивудвските глумци. Отприлика таа е равенката.

Како Холивуд нè излажа за романтиката

Колку што книгите за добивање 7-ца на лото се корисни за добивање на џекпотот, толку и романтичните филмови се корисни за љубовта.

Од Африканецот

Како и за сè останато, Холивуд има соодветен стереотип и за Африканците (како луѓе што живеат во Африка, наспроти црнци што живеат во САД). И сето ова ним не им се допаѓа.

Том Круз на порното

Улицата меѓу актерството и порното најчесто е еднонасочна. Во обратен смер ќе се обиде да тргне Џеjмс Дин кому сериозната ABC му посвети цел прилог загрижено прашувајќи ги родителите дали се свесни дека нивните ќерки се повеќе фантазираат за 'романса' токму со него.