Таг: холандски навивачи

Пиротехничко шоу во Холандија на тренинг кој се одржа во 5 сабајле

Не е тоа адекватно време ни за бурек, ни за чорба, ни за ништо, освен за сон. Ама Холандија е тоа, скроз друг менталитет. Од 5 рекле, од 5 ќе тренираме.

Холандија е тоа, ништо не нè чуди

Холандија беше првата земја во Европа која што реши поради глобална пандемија, во целост да ја прекине фудбалската сезона дури до септември. И сега на интересен начин ги користат празните стадиони и зелените терени.

Холандија ќе враќа гледачи на стадион ама со забрана да пеат и викаат

Фудбалската сезона во Холандија заврши меѓу првите неколку во Европа кои уште во април решија да стават крај на актуелната поради глобална пандемија со вирусот.

Навивачите на Ајакс направија опсада на Валенсија

Секаде низ Европа каде гостува нивниот клуб, навивачите на Ајакс Амстердам гостуваат по неколку илјади души. Кортеото (маршот) кој го прават понекогаш е долг километри.

Како да не ораш на терен за вакви навивачи

Лет Амстердам-Мадрид два и нешто часа, а таму журка 48 часа. Откако пристигнале во главниот град на Шпанија, навивачите на Ајакс не престанале со прекрасна атмосфера без инциденти. Пред, за време и после историскиот меч против Реал.

Навивач на Ајакс трефна знаме на Реал на тераса, цел плоштад урлаше

Околу 4.000 приврзаници на клубот од Амстердам допатувале во главниот град на Шпанија каде вечерва Реал и Ајакс ќе играат реванш од осминафиналето на ЛШ. Навивачите на „копјаниците“ уживаат во Мадрид.

No pyro no party во Амстердам

Навивачите направија штимунг а играчите им вратија со убедливи 3-0 во големото дерби против ПСВ Ајндховен. После 15 кола ПСВ има 39 бода и е прв а Ајакс заостанува 7 бода и е трет.

Навивачите на Феенорд му платиле на газдата на украинскиот паб

Лига на шампиони и Лига Европа се фронт за навивачите, па скоро и да не пројде вторник, среда, четврток а некаде на континентот да нема сцени на насилство. Така беше во Украина кога група украински навивачи нападнале Холанѓани во пабот Wall во Харков. Интересно, холандските навивачи решиле да компензираат за направената штета во кафичот и му платиле пари на сопственикот. Полицијата привела 52 хулигани на Шахтјор.

Навивачите на Ајакс со Боб Марли и во Лион

Фантастичната сезона на нивните клинци, кои направија чудо со пласманот во финалето од Лига Европа, навивачите на Ајакс ја бележат со песната Three little birds од Боб Марли. Каде и да гостуваше Ајакс, секаде ја пееја, па така беше и синоќа на дождливите улици на Лион каде еден уличен свирач се наполни со парички.