Таг: херенвен

Помош од 230.000 евра за деца болни од рак на холандски начин

Додека ние уште се бориме како да спречиме фудбал со циркузантски пенали и непостоечки голови и абер немаме еден ВАР да имплементираме, европскиот фудбал ни бега 100 години. Не само по квалитет, туку и со манирите.

Талентот на Милан кој место голот, погоди шанк од бар

Хрватот Ален Халиловиќ (23) до пред некоја година важеше за ултра талентиран фудбалер. Барселона го доведе на 16 години, ама Хрватот не успеа да се докаже на „Камп Ноу“ па почна бескрајна авантура. Го позајмуваа во Спортинг Хихон, во Лас Палмас, во Хамбургер, пред да дојде во Милан. Не се снајде ни на „Сан Сиро“ па го позајмија во холандски Херенвен. Пред неколку дена го дал првиот гол сезонава, а неколку минути претходно направил р’шум во подтрибинскиот бар.

Гол од корнер на АЗ Алкмар додека голманот на Херенвен спиеше

Во неделата во 19. коло од холандската Ередивизија, АЗ Алкмар со 0-2 на гости го победи Херенвен а вториот гол кој го даде Осама Идриси во 78’ минута беше маестрална замисла и изведба.

Царот што собрал 3.200 навивачки шалови

Холанѓанецот Јелмер Ботс е еден од најпасионираните колекционери на фудбалски шалови во Европа. Во поткровјето од својата куќа тој има шалови од Естонија па до Монголија. Меѓу илјадниците драгоцени аксесоари има и два шала на македонски клубови.

Што се случува со талентот на Реал од Норвешка

Пред извесно време многу луѓе се чуделе како татко му на Килиан Мбапе ги одбил Реал Мадрид и Зинедин Зидан. Откако норвешкиот вундеркинд Мартин Едегор беше најавен на голема врата, а заврши во просечен холандски прволигаш, талентите „прво дуваат во јогурт“.

Во живо од кабината на асистентот на судијата

Бидејќи не гледаме каде е и што прави судијата кој му јавува на главниот арбитар во случај да треба помогне за некоја спорна ситуација на терен, еве ви го и тоа на мегдан. Одиме во живо од мечот меѓу Феенорд и Херенвен од холандското првенство.

Школски потег на детето на Ајакс

Фудбалерот на Ајакс, Рикардо Кишна (19) во саботата против Херенвен прописно го изработи Стефано Марцо, а копјаниците на крај славеа 4:1 иако губеа во еден момент. Во моментов ПСВ е прв на табелата во Холандија и му бега 2 бода на Ајакс.

Викенд на автоголови

Изминатото коло во најдобрите европски лиги донесе неколку ефектни автоголови кои ги одлучија натпреварите. Во Серија А, Верџини постигна евро-автогол, а во Премиер лигата Ливерпул и Саутемптон освоија бодови по заслуга на противнички играчи.