Таг: хакери

Човекот што ги хакна Самсунг и Нвидиа е 16-годишен дечко

Во Британија најверојатно „падна“ лидерот на Лапсус (Lapsus$) кој до апсењето успеа да изгради завиден список на хакнати компании и изнудени околу 14 милиони долари од истите овие компании, и сето тоа на 16 години.

Како Северна Кореја за малку ќе украдеше 1 милијарда долари

На севернокорејските хакери им останаа уште 81 милион долари да бидат префрлени од Националната банка на Бангладеш пред комплетирање на трансферот од речиси милијарда долари кога од чиста случајност операцијата била прекината заради расипан принтер.

Хакери пробија луѓе на ФСБ, руската разузнавачка служба

Жртвата на хакерскиот напад во случајов е руската компанија Сајтеч која работи на истражувачки проекти за ФСБ, а хакерите се од групата „0v1ru$“ кои успале да упаднат во актив-директори серверот на компанијата и од таму добиле пристап до целата нивна ИТ мрежа. Во упадот успеале да соберат 7,5 терабајти податоци.

Русија ги има најбрзите хакери

Отприлика колку што на тебе ти треба за да најдеш што да симнеш од торент или да гледаш на Нетфликс, толку му треба на просечниот руски хакер да влезе во нечија компјутерска мрежа.

Се претера со хакирањето

Група хакери успева да ја украде базата со податоци на најголемите коцкари на едно казино, упаѓајќи во системот преку термометарот во аквариумот за риби во лобито на казиното.

Тоа што ја лепиш камерата на лаптопот нема многу да ти помогне

Не дека хакери можат да пројдат преку изолирбанот што го ставаш, ама во моментов имаат толку многу начини да те прислушуваат и снимаат што правиш, што лепенката единствено може да ги ти помогне да се чувствуваш подобро, и ништо повеќе од тоа.

И Романците ги хакнале Американците

На само неколку дена пред инаугурацијата на Трамп, романски хакери упаднале во компјутерскиот систем на полицијата од Вашингтон одговорен за контрола на камерите за надзор.

Руските хакери ја користат инфраструктурата на Гугл за да хакираат Гмаил корисници

Успешноста на методот со кој се нападнати околу 200 корисници на Гмаил, меѓу кои и новинари, активисти, луѓе поврзани со украинската армија и сл, во најголем дел зависи од корисникот што е нападнат, без чиј клик ниту еден напад не може да биде успешен. Секако и самите напади се совршено осмислени.

И Обама 2008 бил под хакерска опсада од Русите

Руски хакери уште во 2008 ја таргетирале кампањата на Обама, додека американски функционери биле мета на нивни напади уште од 2007-ма кои продолжиле и откако тие ја напуштиле владата, се тврди во нацрт верзијата на безбедносен извештај што го објавува Њузвик.

Мејлот на Хилари е хакнат заради ИТ човекот на Хилари

Оригиналната верзија на настанот беше дека соработникот на Хилари, Џон Подеста, добил меил порака со скриен линк (Битли) па откако кликнал хакерите го добиле пасвордот за неговиот меил. Новата тура мејлови од Викиликс, откри дека Подеста всушност бил сомничав дека мејлот е обид за фишинг и дека побарал помош ИТ луѓето на Хилари.

Најопасниот град на интернетот

Кај луѓето меѓу кои е озогласен прекарот му е Хакервил, за тие што живеат во него, градот се вика Рамнику Валчеа и е сместен во централна Романија.

Кој сака да биде хакнат како Сони?

Моментално на интернет има повеќе илјадници луѓе кои можат која било компанија да ја хакнат со исто ниво на штета како што тоа минатата година му се случи на Сони Пикчрс. Во ова главно ги спречува цената на софтверот потребен за ваквиот потег.

Работниот ден на кинески хакер

Стануваш во 7, работиш до 17:30 или повеќе, се враќаш назад во соба, јадеш инстант нудли, гледаш епизода на "Prison Break," си легнуваш. Утре повторно.

Хакирањето во Скајфол, речиси веродостојно

Ако се тргнат на страна репликите кои се прилично невозможни и не значат ништо, добар дел од хакирањето што го гледавме во новиот Бонд, е сосема легитимно.

Сам себе го хакирал

Хакерите не се најголемата закана за компјутерската безбедност, главниот проблем е многу поедноставен - заборавен телефон во автобус или лаптоп во такси.

Хакерска жетва 2011-та

Во 2011-та руската мафија ја презема контролата и менаџирањето на сајбер криминалот во земјата и околината. Резултат - заработка од 4,5 милијарди долари само за лани.