таг: гробишта

Гробиштата од „Добриот, лошиот и грдиот“ се вратија од мртвите

Нов документарец оддава признание на обожавателите на славниот шпагети вестерн, кои со макотрпна работа ја реставрирале локацијата каде се одвива неговата антологиска сцена. Повеќе

Чистачот на гробови

Секоја недела човеков оди на локалните гробишта и почнува да чисти гробови на американски воени ветерани. Освен што чувствува должност кон непознатиот ветеран, за ова не добива никаков надомест, ниту пак некој го побарал тоа од него, а како што вели, да има време ова би го правел секој ден. Повеќе

Словенците и мртви се пред нас

Гробиштата Побрежје датираат од 1879, и со својата богата 130-годишна историја се дел од историското и архитектонско наследство на Марибор. Но, ништо не е впишано во камен, па ни изгледот на гробиштата. Повеќе

Лондон некрополис релвеј: возот кој пренесувал мртви

Што кога во градот постоечките гробни места не се доволни, а често фаќа епидемија на заразни болести? Се отвара железничка пруга до најблиското соодветно место, а живите прават еднодневни „екскурзии“ за да ги закопаат своите мртви. Или барем така било во Британија при крај на 19 и голем дел од 20 век.  Повеќе

Били Питон, Словачка

Јес да местото Закопане (за малку!) е во Полска, ама би било фино да е во Словачка и во него да живеат браќата Ладислав и Чаба Складан, кои на меѓународен натпревар (еј, кај отиде Европа!) се прогласени за најбрзи копачи на гробови. "Кога е убаво времето, ова е работа од соништата," порача еден од шампионите.   Повеќе

Циркуска претстава на лондонски гробишта
Духовден, вистинска

Австралиската циркуска трупа Цирка под раководство на Јарон Лифшиц, која брои околу 20 луѓе, се обидува да ја издигне оваа изведувачка уметност над нивото на спектакл, комбинирајќи ја со музика, поезија, театар и архитектура. Повеќе

И мртви сме ѝ штетни на планетава

По сите математики и предвидувања, во следната деценија се очекува низ светот да умрат половина милијарда луѓе, "а не може да продолжиме да им ги набиваме ковчезите во Земјата." Повеќе

Зошто Грците ги откопуваат своите мртви?

Три години обично е рокот по кој семејствата во Грција се одлучуваат да ги ексхумираат останките на своите најблиски, кои потоа, со доплаќање, се чуваат во костурница, ако не се фрлаат во дупка. Повеќе

Капиталистички виц врз гробот на Маркс

Гробот на човекот кој се уби објаснувајќи дека приватната сопственост треба да се укине бидејќи е извор на сите општествени зла, денеска е приватна сопственост. И посетата се наплаќа. Повеќе