Таг: грабеж

Кога нема власт, важно е да има народ

Во гратче во јужна Шпанија се случува грабеж на златара. Иако прилично прометно место, полиција нема ни за лек. За среќа има комшии и минувачи.

Вооружен грабеж пред стадион во Еквадор

Додека правел репортажа кај стадионот „Монументал Исидро Ромеро Карбо“ во Еквадор, новинарот на DirecTV Диего Ординола и камерманот кој го снимал биле ограбени од вооружен крадец кој им ги земал мобилните телефони. А викаат само хулиганите биле проблем на стадиони.

Пред мене најдовте да пљачкате кладилница?

Стариот има 83 години, секој викенд пишува тикет, ама редот, мирот и ритуалот му го рушат тројца бандити кои се обидуваат да станат махери на колото без да уплатат. Како дошле, така ошле без денар. Со мала помош на вработениот ги соборува и ги брка од кладилница. Херој. Другите кидавела. Дајте му ваучер.

Во Бразил тргнал крадец да краде од девојка борец во УФЦ

Апсолутно неверојатна приказна стигнува од Рио де Жанеиро каде една од најголемите борци во жестокиот шампионат УФЦ претепала крадец.

Најфранцускиот грабеж сред Париз

Тоа што не знаевме ние, а очигледно знае група француски крадци, е дека во катакомбите под Париз се чуваат големи резерви на старо квалитетно вино. Овие резерви само што се намалија за вино во вредност од 250 илјади евра.

Лудиот Макс - Венецуела

Чопор моторџии, на АПН-ки и веспи, му се сска на шлепер. За кратко време почнуваат да го гаѓаат со бараж молотови коктели. Шлеперот застанува, овие му се нафрлаат ко пирани и почнуваат да го пљачкосуваат. Што товар има шлеперот? Еден од најдефицитарните производи на пазарот - шеќер. П.С. Додека прават чистка во шлеперот, позади нив стои сосема незанимлива цистерна со нафта.

Мачета нас је одржала

Вооружени разбојници упаѓаат во семејна куќа со очигледна намера. Таму наидуваат на газда со мачета.

Американските пливачи лажеле дека биле ограбени

Сега и дефинитивно е јасно дека Рајан Лохти (32)  и неговите колеги од пливачката репрезентација на САД ја измислиле приказната дека биле ограбени под закана на оружје во Рио де Жанеиро.

Босанците избегнале вооружен грабеж во Бразил

Членовите на стручниот штаб на селекцијата на БиХ се нашле во непријатна ситуација откако биле пресретнати од бразилски разбојници кои успеале да им избегаат на полицијата.

Шведска си го најде украдениот атлас во Њујорк

Андерс Буриус, библиотекар во Шведската кралска библиотека, со години крадел и продавал на црно ретки и скапоцени книги. Сега една од нив е пронајдена.

Одбрана и казна

Откако го одбранил своето семејство од 4-ца вооружени ограбувачи, 52-годишен Русин сега ќе треба да се одбрани пред суд дека не претерал кога убил тројца од напаѓачите.