Таг: голчиште

Гол од офсајд кој е греота да го поништиш

Најјаките фудбалски потези често пати доаѓаа од разно разни нисколигашки натпревари низ светот. Па ваков безобразен прием без да тапне, а потоа и волеј, ниту сме виделе, ниту ќе видиме повеќе.

Голот на кој се чуди цел Парагвај, а и ние

Топ листата на најдобри голови во Парагвај може да се составува ама почнувајќи од втората позиција, бидејќи првата е забетонирана за Хернан Новик. На асистенција со петица, дечкото на својот чувар му направи лудачки дриблинг со петица кроз нозе и ја стави ФИФА во искушение за Пушкаш наградата.

Душане, што стори Душане?

Не е ова време на Бекам па само од него да чекаме вакви голови од крајот на светот. Шведскиот второлигаш Гаис го има Душан Ѓуриќ кој го натера голманот да се забие во гол.

Најубавиот гол на Милан оваа сезона

Удинезе му ја прекина серијата на Џенаро Гатузо од три победи по ред со еден несреќен потег на Донарума кој на 15 минути до крај си даде автогол. Најатрактивниот погодок оваа сезона за Росонерите го постигна Сусо, кој ја опали од 30 метри за сите пари.

Петре мајсторе свесен ли си што направи?

По 12 минути игра на мечот меѓу Генчлербирлиги и Сиваспор сите занемеа, бидејќи падна гол кој ќе биде еден од кандидатите за најубав на сезоната во Турција. Го постигна Црногорецот Петар Шкулетиќ. Приемот му беше Л У Д И Л О.

Голчиштето на вечерта не падна во ЛШ

Додека синоќа екипи како Барселона и Атлетико Мадрид се тетеравеа, Џо Вилијамс од Евертон кој е на позајмица во Барнсли постигна гол во Чемпионшип лигата каков што немаше синоќа во ЛШ.

Тебе Коларов да не ти е професор?

Ваидас Славицкас од Литванија, за нас тотален анонимус, изгледа со 10-та го положил испитот по распалување проектили кај Александар Коларов. Од преку 30 метри и тоа од место. Честито мајсторе.

Ваков удар во агол нема голман што може да го одбрани

Во Литванија падна гол во најгорниот можен ќош од аголот кој не го брани ни Буфон, ни Донарума, ни било кое друго голманиште. Мапемба од Струмбас извади необично оружје од таа позиција кое вреди да се види.

Каква акција и завршница падна во 181-та фудбалска земја во светот

Двојното проигрување и мајсторијата со жонглирање не е дело на Меси - Суарез, Нејмар - Мбапе или Игуаин - Дибала, туку на за нас анонимни играчи од Кувајт. Ма браво, лупајте на најавна шпица.

Испукан е топ во втора словачка лига

Заборавете на Роберто Карлос и Хулк. Ваков топовски удар не сте виделе до сега. Цела клупа се стрча накај играчот како да освоиле Светско првенство. Чекаме официјални резултати за брзината со која леташе топката. Ма каков Буфон, какви бакрачи, во случајов џабе е кој и да ставиш меѓу стативите.

Второлигашка финска акција во два потега

Се работи за финскиот второлигаш Хака и едно изведување на аут по кое мислиш ова кошарка е и имаат 5 секунди напад за да го завршат. Пази сега.

Фудбалска верзија од Автокоманда на „Од таму шутирај колку сакаш“

Одамна се нема појавено некоја монтажа со легендарниот коментар на Игор Трпески кој одлично се лепи на многу мајсторски кошеви и голови од далеку. Најновата верзија ја има виолинистот Илија Филиповски - Ледезма од група Маестро кој неодамна го организираше и вториот фудбалски турнир меѓу музичари од Македонија. Фелш со десна во агол за сите пари.

Миланисти, Пирло има да ви каже нешто

Носталгичари за оној Милан од кој до пред неколку години не можеше секој да го облече дресот, ќе ве потсетиме на еден од најубавите или можеби најубав гол на Пирло кој шутираше од соблекувална. Од тука обично дава топки со очи, ама овој пат направи исклучок и ги остави без зборови Ибрахимовиќ и Роналдињо.

Виетнамка на денот

Бидејќи викендов сигурно не сте седнате да гледате Иран - Виетнам, жени еве нешто и од тој дуел што ќе ве запрепасти.

Ти го мислиш бек, а тој се однесува како Зидан

Денис Кемпе е дефанзивец на Карлсруе кој викендов го постигна можеби голот на сезоната во втората германска лига. Кај што ги направи мајмуни, го остави целосно збунет и голманот со лоб ударот.

Ако сум од Гвинеја Бисао не значи дека не знам фудбал

Селекцијата на Камерун победи 2:1 против Гвинеја Бисао во Африканскиот Куп на нации. Се работи за една мала точка на мапата на африканскиот континент. Но ние сме 162-ри на ранг листа, а тие 68-ми и имаат еден момак кој не се уморува на 100 метри со топка.

Најдобриот гол на снег на сите времиња

Наградата Ференц Пушкаш се дели веќе осум години и сите осум наградени ја заслужија бидејќи направија мајстори потези со топка. Но, секогаш постои едно „но“. Гледајте, учете, а ако сакате излете надвор и пробајте додека не запролети. Симпли д бест и идејата и реализацијата на Италијанциве.

Секогаш постои ризик кога голманот го напушта голот

Ако ја гледате реакцијата на голманот, таа е исправна бидејќи ја рогна онака како што требаше. Реално ваков гол паѓа еднаш на 100 години, а овој пад падна во Чиле.

Што прави Замбиец во руска лига

Ростов го шокираше Баерн Минхен со 3:2 во Лига на шампиони, момент што ќе го паметат, ама од меморија нема да им избледе ниту Кисамба Лунгу кој со оваа мајсторија му донесе триумф на Урал на мечот против Ростов.

Не е ниту Бекам, ниту Чави

Џо Пејн има само 17 години, игра во одбрана и е член е на четвртолигашот Престон. После ова што го направи никој во школо од другарите нема право да му држи лекции по фудбал.

Топовски проектил кој не се брани

Селекцијата на Белорусија синоќа ја изненади Грција на пријателски дуел кој се играше на стадионот Караискакис во Атина. Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Сергеј Политевич кој зема залет и ја опали душмански.

Барбара од Барселона даде гол во стилот на Меси и Роналдо

Фудбалерката на Барселона, Барбара Латоре исфрли од игра половина тим и постигна гол кој го твитна и Пике кој напиша дека го потсетува на едни два легендарни голови на Меси и Роналдо.

Не е ни Карлос ни Хулк, туку Бојан

Ако се прави топ листа на најдобри 10 голови на сезоната во македонското фудбалско првенство, нека почнат да ги собираат само конкурентите од второ место па надолу, бидејќи првата позиција е веќе резервирана. Му следува на Бојан Најденов од Работнички кој при 1:1 против Македонија Ѓорче Петров денеска го стори ова.

Голчиште со асистенција на пречката

Тоа што го има како инфо за видеово е дека за работи за извесен Амир Мохра од клуб по име Тур Абдин кој е дел од 8-та германска лига. Но најавата воопшто не е битна кога се работи за анонимен лик, битно е да видите што му успеа.